Пијан градоначалник од СДСМ прегазил активисти на ВМРО-ДПМНЕ

  • Креатор на темата Креатор на темата obicen30
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 мај 2008
Мислења
452
Поени од реакции
2
Градоначалникот на Сопиште Љупчо Мицковски-Кец под дејство на алкохол, со службеното возило на општината, со намера се упатил и директно удрил во група активисти на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат во партијата.

ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција, го осуди вчерашниот „тежок инцидент предизвикан од страна на градоначалникот на Општина Сопиште од редовите на СДСМ, Љупчо Мицковски – Кец”.
Според ВМРО-ДПМНЕ, во текот на вчерашниот ден градоначалникот Мицковски под дејство на алкохол, со службеното возило на општината, со намера се упатил и директно удрил во група активисти на ВМРО-ДПМНЕ кои во тој момент поставувале рекламен материјал.

При овој инцидент, како што беше речено, тешко повредил едно лице кое е задржано на лекување во градската болница во Скопје.

Од партијата тврдат дека по инцидентот, градоначалникот наместо да помогне повреденото лице да биде пренесено во болница за да му се укаже итна помош, пробал да избега од местото на настанот.

- Ова е нивото на кое СДСМ ја води својата изборна кампања. Ова е начинот на кој СДСМ се обидува да освои пратеник повеќе. Ова ли е Европска Македонија која ја замислувате вие г-да социјалдемократи? Ова ли се европските манири, кои вие толку многу ги споменувате на вашите митинзи и средби со граѓани? За ваква ли Европска Македонија вие се залагате? – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ апелира до надлежните државни институции, во најкус можен рок да ги превземат сите законски мерки за расчистување на овој случај и сторителот на инцидентот да го изведат пред лицето на правдата.

Од градоначалникот на општина Сопиште Љупчо Мицковски – Кец, партијата бара веднаш да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата, а од СДСМ веднаш да се огради и да го осуди овој настан и да го исклучи од своето членство Мицковски.

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=7124

Еееееј значи какви занесени будали има :uvo:
 
Скроз-оф-топик:

Те молам Боже утре да биде 3-ти јуни.
 
Или шо би рекол Стојан Андов, 5ти јули.
 
После ме кудат за пародијата што ја направив за СДСм...
Ма ајде...
 
Значи, се шо ќе прочитам или слушнам на вести деновиве, ако случајно налетам на запален ТВ приемник за време на вести - прифаќам со огромна резерва.... Зошто? Бидејќи ми стана јасно како оди играта.

А главчево е премало за да прими се што големиот брат нуди.

Хев фан кидс. И не претерувајте. Иам енергија за банирање сеуште :pipi:
 
Скроз-оф-топик:

Те молам Боже утре да биде 3-ти јуни.

Будалата ке остане будала и по 1 или 3 јуни ( зосто 3 бе? ). Ваков човек не заслузува да биде градоначалник. Тоа што се избори не му дава за право на некој да гази луѓе.
 
Будалата ке остане будала и по 1 или 3 јуни ( зосто 3 бе? ). Ваков човек не заслузува да биде градоначалник. Тоа што се избори не му дава за право на некој да гази луѓе.


Teст еден,може?

Франспрес јавува дека според најновите сознанија, Месечината е сирење.

Ќе правиме шопска?

-----------
Апсолутно сочуство спрема настраданиот доколку ова е гола вистина... Ама, луѓе, излезете од кутијата!!! Што ќе бидеме бе?
ЕХО?
Или Хомо Сапиенси?

Да, дефиниција за хомо сапиенс има на википедија, мада не ја препорачувам.
 
А како тоа СДСМ мафтаа со полицискиот записник кој докажува дека Љупчо Мицковски-Кец уствари не бил пијан?

Значи ако не си пијан, треба да си умоболен за намерно да прегазиш луѓе.
 
Wag the dog.

Убав филм.


Пак да, го има на ИМДБ.

п.с. Бетон, свиркај си, и по трети - трети :) Ама бар ЕП 08 ќе ми одмори глава.
 
Мозда има дејт. :back:

За некого, несекојдневна појава :pipi:

Озбилно бе, ајде да направиме кампања сите Македонци да се ебат, али ваистина - како бојкот на изборнава параноја!
 
Па шо има врска, вчера ете на митингот во Охрид видов неколку пати пуштаа вмровците деца со маици од дпмне, за да ги пребие некој па сетне да излезат на вести демек некој тепа деца, ама никој не ги ни чепна пошто нормални луѓе сепак се за сонцето
 
Па шо има врска, вчера ете на митингот во Охрид видов неколку пати пуштаа вмровците деца со маици од дпмне, за да ги пребие некој па сетне да излезат на вести демек некој тепа деца, ама никој не ги ни чепна пошто нормални луѓе сепак се за сонцето

:pos::pos::pos:

Не ми се верува ејј...хаххахааааах :kesa:
 
Па шо има врска, вчера ете на митингот во Охрид видов неколку пати пуштаа вмровците деца со маици од дпмне, за да ги пребие некој па сетне да излезат на вести демек некој тепа деца, ама никој не ги ни чепна пошто нормални луѓе сепак се за сонцето

ле ле :pos2:не ми се верува дека го каза ова. Оди сокриј се негде :kesa:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom