PhysX

  • Креатор на темата Креатор на темата HulK`
  • Време на започнување Време на започнување
Преместено во хардвер.


Брао бе, тема за програмска библиотека ми ја тутна на мене:pos2:. Али ај ќе праиме муабет за хардверот што вози PhysX.

PhysX е сет од инструкции и библиотеки напишан од Ageia за примена на напредни physics ефекти во видео игри. Е сеа, пресметката на тие ефекти е многу тешка бидејќи се работи за огромен број ситни операции, така да процесорите си имаат мака со пресметување. За таа цел Ageia извади посебна картичка, но поради малиот успех во игрите, картичката никогаш не заживеа.

Nvidia ја купи Ageia и со тоа се стекна со све што поседуваат. PhysХ софтверот го извадија за гага, а во драјверите за нивните графички од 8-ма серија па нагоре вметнаа поддршка за хардверско забрзување на PhysX софтверот.

Зошто баш од 8ма серија па нагоре, зошто не постари графички, и зошто процесорите си имаат мака со PhysX, а графичките не?

- Со појавата на DX10, Nvidia и AMD ја сменија архитектурата на своите графички, и сега се со шејдери, Nvidia ги вика CUDA cores, АMD ги вика Stream Processors. Кратко и лаички кажано - графичките се состојат од еден куп ситни процесорчиња, или групи од нив (AMD ги групира по 4 мислам, затоа AMD графичките на папир имаат 4 пати повеќе шејдери од Nvidia).

Со оглед на тоа дека PhysX пресметува физика во игрите, кога во некоја игра ќе скршиме прозорец на пример, PhysX стапува на сила, го крши прозорот, пресметува како ќе се искрши и формата на срчите, и во која насока ќе одлетаат срчите. Со тоа играта добива на реализам. Фората е што тоа се миљон ептен ситни безвезни пресметки. Е сеа ви текнува дека процесорите си имаат мака со PhysX? Тоа е затоа што кога ќе му даеме на 4 јадрен Core i7 да пресметува физика, ќе пресметува 8 PhysX операции во интервал (4 јадра, 8 со hyperthreading). Ако истата задача и ја доделиме на Nvidia GTX260 графичка, ќе пресметува 216 PhysX операции во интервал (има 216 шејдери или Cuda Cores). Ете затоа графичките се драстично побрзи од процесорите кога се работи за PhysX (лаички објаснето)
 
:oftopic:
Еј фала што објасни за политиката на Nvidia. Ја баш се чудев од кој ракав го извадија PhysX а Ageia ја 'снема' .
 
AMD ги групира по 4 мислам, затоа AMD графичките на папир имаат 4 пати повеќе шејдери од Nvidia

Ги групира по 5 :) HD4870 = 800 shaders, 160*5=800, HD5870 = 1600, 320*5=1600.

За тие што не се запознаени:
АТИ го рачуна секој шејдер како 5-way шејдер (суперскаларна архитектура), секој шејдер може да извршува 5 инструкции одеднаш, ама ако ова не е оптимизирано, т.е. не успее операцијата тогаш картичката не може да ги произведе теоретските перформанси, губи на ефикасност. Додека на Нвидиа архитектурата е скаларна и е 100% ефективна.

(иначе сега повторно ти го читав постот, затоа сега пишувам за архитектуриве, а не вчера кога првпат го читав пошо ме заинтригира договорот на Нвидиа и Агеиа за PhysX и не забележав за ова:))
 
Дали влијае на графичките перформанси, во смисла намалување на фпс кога е уклучено PhysX-от, или тоа е во зависност од моќта на графичката карта?


Pa da...Ako nemas nekoja mokna graficka ke ti namali FPS.Eve na primer ja iam onaka sredna klasa graficka i koga ja igram Batman Arkham Asylum so physx off ne mi secka a so physx on malce pomal frame rate iam taka da namalue...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom