Петиции

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Што мислите, дали петициите ја постигнуваат својата основна цел или сепак не?
Служат само за дигање прашина околу некоја работа или навистина со нив може да се смени нешто?

На пример, кај мене во школо ако се направи или потпише петиција исто ко да не постои, ништо не вредат тие петиции.

Што мислите вие?
 
Кутрата Crazy in Love, темава отворена 1 година и никој не реплицирал :pos: Арно што ми текна да пробуричкам по стариве теми :)

Мислам дека не вредат, барем на оние на кои што сум се потпишувал јас, а верувајте и од други што сум слушал. На факултет потпишуваме секакви петиции, и на крај всушност не ни дознаваме што бидна со неа.

Често ми стига на mail да потпишувам какви ти не петиции и еден период ги потпишував ама се уморив. Поготово кога се случи смртта на Тоше Проески (да не грешам душа), се полнеше inbox-от со секакви баналности поврзани со настанот и искрено од тогаш, ми станаа одбивни.

Може да служат за дигање прашина, да, да се подзамисли тој кој е директно засегнат од исходот ама често завршуваат без таков ефект.
Повеќе се потребни дела отколку потписи, мислам.
 
Тоше ова е втор пат да прочитам како за некој викаш кутар/ра и прскам од смеење :pos:
Инаку за темава, не да немаат влијание, баш сега пред една недела, на факултет потпишувавме и тоа не една две, сите се потпишаа до еден и кога им ги однесоа на дотичните особи за да ги разгледаат, им се изнасмеале во фаца уште кога слушнале и ги вратиле без да ги погледнат :uvo:
Резултс-не служат ама баш за ништо, барем не оние во кои сум учевствувала, кои можеби и не биле екстремни.
 
Што мислите дали петициите ја постигнуваат својата основна цел или сепак не?слижат само за дигање прашина околу некоја работа или навистина со нив може да се смени нешто?

на пример кај мене во школо ако се направи или потпише петиција исто ко да не постои,ништо не вредат тие петиции..ова беше само пример..што мислите вие?

Само за она.....за ништо друго!
 
Некако петицициите во последно време толку многу се зачестија, па искрено се прашувам дали ја имаат таа “вредност„ која ја заслужуваат.

Не е лесно да добиеш подршка за некоја идеа или заложба од 10,000, 20,000 па и 50,000 луѓе-поради тоа петициите мора малку посериозно да бидат сфатени.

Во овој момент имам впечаток (особено оние он-лајн) дека служат само за истурање револт и искрено не сме виделе некоја голема промена на високо ниво која настанала како резултат на некоја иницијата поткрепена со петиција.
 
Па од досегашните примери што ги знам, не успеале многу петиции. Минимален е бројот на тие што знам дека успееја.
 
Мислам дека 99,9% од петициите не успеваат... Типичен пример имавме и во скоро време поврзан за градоначалникот на Скопје.. не само за тоа, мислам дека воопшто не успеваат во било која област...
 
Петиции, слабо успеваат, се правиме демократска држава ама ништо, еве пример у школо кај нас, оваа година на ниво на цела генерација падна петиција за една професорка за да ја сменат.И на крај, листовите завршија кај психологот и после у канта, а ние уше повеќе ја наебавме..:toe:
 
Ма џабе се тие петиции, само бетер креваат прашина. Ништо не се постигнува со нив.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom