Дарк Лешок Трети (Поезија - Поп/Rock)
Ги гледам разулавените бранови од Галичица,
Како двете езера да сакаат да се сплотат.
Како ние кога лежиме сами и испотени во креветот,
Ти палиш цигара,
А јас...Ах а јас ти ги гледам набабрените дојки.
Две езера гледам разуздани, како твоите гради и очи.
Помислувам на тоа кога бевме заедно и,
Ти ми викаше дека сме чуканати што се ебеме вака добро.
Јас помислував на тоа каква деца ќе имаме.
Две машки ќе бидат, првото ќе го крстиме по татко.
Второто по твој избор.
Ти сакаш женско како Џони Мичел.
Јас сум повеќе по Џенис Џоплин.
Таа секогаш звучи онака кул кога ќе се спомне.
Тогаш да имаме три викаш онака ноншалантно.
Ах ова се само сеќавања, сега ти некаде си кај некој друг.
Можеби имаш три деца и земаш пензија,
можеби си здебелена и имаш целулит.
А јас сеуште немам ниту едно.
One
One