МНОГУДЕТНА
Десет деца помнам ко си бевме,
и од една копАна јадЕвме.
Сркам, сркам, ушите ми пукат,
Мама вика кори да се сукат.
Тато вика лози да се кројат,
а дрвата нецапени стојат.
Ама за една работа фала Богу,
а тоа е шо сме деца ногу.
Та за сите пофат ќе се најде
од големо до мало има фајде.
И на никој мозок не му треба,
Само солца, десетина леба.
Сал малкуцка дај ни мили Боже,
та и царот да владее може.
Превземено од мојот драг пријател: А.С.
