PayPal (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата Oblivion
  • Време на започнување Време на започнување
Напиши каде работиш и можеби некој ќе може да ти помогне, вака тешко.

Излезе дека проблемот не е до страната туку до мојот нов словенски пејпал(недела дена стар). Не можам да примам пари, нема таква опција на профилот. Не знам зошто така, го правив според инструкциите од тука а и од др страни (ставеш точни податоци само држава Словенија и со visa од nlb). Ставив на страната друга постара пејпал адреса од другар кој работи подолго време на нет и парите се префрлија.
 
Да прашам дали може некој да ми прате пари на пеј пал, ако не ми е унесена кредитна картичка на акаунто?
 
Да прашам дали може некој да ми прате пари на пеј пал, ако не ми е унесена кредитна картичка на акаунто?
Македонци не може да примаат пари преку paypal. Може само плаќања да вршиш.
Ако е за акаунт на друга држава, тогаш да. Не ти треба картичка за да примаш и праќаш пари. Само имаш лимит колку може да примиш и пратиш годишно.
 
Да прашам дали може некој да ми прате пари на пеј пал, ако не ми е унесена кредитна картичка на акаунто?

Како ќе праќаш или ќе примаш пари без верификувана картичка на PayPal - како ќе знае PayPal на која трансакциска сметка да ти ги уплати парите ?

Инаку, преку македонскиот PayPal може само да се купува, односно само да се праќаат пари, но не може да се продава, односно да се примаат пари.

Од друга страна, преку словенечкиот PayPal може и да се купува и да се продава, односно и да се праќаат и да се примаат пари, но годишната граница на финансиски средства кои може корисникот да ги подигне е 2.500 евра.

Доколку се надмине оваа граница во текот на годината, словенечкиот PayPal ќе ти побара да испратиш дигитална фотокопија од лична карта или од возачка дозвола преку Интернет за да докажеш дека имаш словенечко државјанство, а во меѓувреме, какви финансиски средства и да ти пристигнале на твојата PayPal сметка, нема да можеш да ги испратиш на транскациска сметка во Македонија се додека не докажеш дека имаш словенечко државјанство или се додека не помине годината кога словенечкиот PayPal ќе ја отстрани забраната за подигнување на финансиски средства. Но и после отстранувањето на забраната за подигнување на финансиски средства, ќе ти остане годишната граница од 2.500 евра кои ќе можеш да ги подигнеш во Македонија.
 
Ништо тогаш, извади втора дебитна картичка поврзана со истата трансакциска сметка во НЛБ Тутунска Банка, но нека гласи на име на некој твој близок - мајка, татко, брат, сестра или слично, па пробај така - со друго име и презиме, друга e-mail адреса, а по можност и друга адреса на живеење.

Но лично мислам дека наместо втора дебитна картичка на истата трансакциска сметка, подобро ќе биде и трансакциската сметка да биде друга, односно да гласи на името на тој некој близок, бидејќи словенечкиот PayPal ќе знае дека парите пристигнуваат на истата трансакциска сметка - иако преку друга дебитна картичка.
Пејпал регистриран на твое име,освен твое не дозволува друга на друго име.[DOUBLEPOST=1473186013][/DOUBLEPOST]
Јас не можам никако да се логирам на словениа никако не ми дава да влеазам security check ми прај проблем и сеа незнам дали да му пишам пошо ќе ми бараат сигурно документи?
Ти го блокирале исто како мојот регистриран со Грчка картица,продолжена двапати со Македонска и на крај Германска со Словенска адреса а Македонска адреса за испорака.
 
Последно уредено:
Пејпал регистриран на твое име,освен твое не дозволува друга на друго име.

Затоа ќе си регистрираш две или повеќе PayPal сметки, од кои една на македонскиот PayPal со картичка од една банка, e-mail адреса, адреса на живеење и телефонски број, и друга на словенечкиот PayPal со картичка од друга банка, друга e-mail адреса, друга адреса на живеење и друг телефонски број, а само името и презимето ќе ти останат исти.

Или ќе регистрираш сметка на македонскиот PayPal со твои лични податоци, а сметка на словенечкиот PayPal со лични податоци од некој твој близок - мајка, татко, брат, сестра и слично, и решен е проблемот.
 
Колку и да отвориш меилови и на сите да регистрираш пејпал,пејпал сметката секогаш ќе ти биде една.
И ако еднаш си регистрирал картичка на еден пејпал,кога ќе отвориш друг не ти ја прифаќа
За повеќе пејпал акаунти ти требат различни ИП адреси и треба да внимаваш на кој пејпал од кое ИП се логираш.
 
Најлесна работа, ќе му го хакнеш безжичниот Интернет на комшијата и ете ти друга IP адреса.

Или ќе се логираш од друг компјутер преку Remote Desktop.
 
Најлесна работа, ќе му го хакнеш безжичниот Интернет на комшијата и ете ти друга IP адреса.

Или ќе се логираш од друг компјутер преку Remote Desktop.
И на сред трансакција да се погоди да го исклучи вифи од рутерот
 
И на сред трансакција да се погоди да го исклучи вифи од рутерот

Паднала Интернет врската, голема работа.

Ако трансакцијата не помине поради падната Интернет врска, ќе помине наредниот пат кога ќе се поврзеш на туѓ Интернет.
 
Значи ако немаам верификувано кредитна картичка неможат да ми пратат пари на пеј пало?
 
Значи ако немаам верификувано кредитна картичка неможат да ми пратат пари на пеј пало?

Можат да ти пратат пари, но не можеш да ги подигнуваш истите доколку не ја поврзеш твојата PayPal сметка со картичка.

Единствено ќе можеш да ги трошиш парите од твојата PayPal сметка за да купуваш преку Интернет.
 
Најлесна работа, ќе му го хакнеш безжичниот Интернет на комшијата и ете ти друга IP адреса.

Или ќе се логираш од друг компјутер преку Remote Desktop.
black-guy-laughing-on-boat-gif.gif
 
Хехе, и јас така реагирав се додека не бев кај пријател кој за помалку од 200 евра си набави антена која фаќа безжичен сигнал во радиус од 1 километар, заедно со опрема за заобиколување на мрежната заштита, и до денешен ден на половина населба им го краде безжичниот Интернет.

Исклучок се тие на кои им текнало да активираат MAC филтри, како мене на пример. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom