Во ред мене зборот ми беше да не налеташ на некоја будала што не го разбира ризикот па после ти да му бидеш крив за се, зашо секакви ги има, ете убаво рече и ти може и да му стигне на негова адреса а он да ти каже дека нема стигнато.Абе лев десен, исто му се фаќа. Си има правила на игра на кои се согласува пред да продолжи понатаму со порачката. Никој со сила не ги тера.
Сакам да кажам дека објаснето им беше на сите, посебно на тие со поголеми суми дека можи вака и вака да се случи, па после и некој да се бунел едноставно ке го потсетев дека претходно се сложил на правилата на игра.
Инаку мислам која е логиката со оглед дека провизиите беа смешни да му гарантираш за цела сума и тоа за нешто што не ни зависи од тебе. Башка јас не ги нарачував на моја адреса туку на нивна па и воопшто не знаев дали пратката стигнала или прави малверзација.
Генерално земено нарачување на скапи производи преку пејпал со нелегален македонски акаунт или чување на поголема сума на пари на таа сметка е доста ризично.