Прво и основно освем ако не се работи за некоја баснословна сума ни на крај памет не се отвора диспут, пошто едноставно ризикот е преголем.
Друга работа веке кога се нарачува од странство со нелегален акаунт секогаш бидите спремни на ризик да пратката не ви стигни.
И трето што најчесто јас го пратикувам едноставно со арно со убаво ке му пишам на продавачот онака најљубезно дека пратката не ми е стигната, ако може да провери да види до каде е што е, и дека ( ова е многу битно) знаете дека не е негова кривица и дека нема да добие негативен феедбак без разлика што ке се деси понатаму( се мисли на тоа дали ке ви рефундира, дали ке прати нова или ке ве игнорира).
На следниот негов одговор ако работата тргни на арно и е спремен на соработка обично му давам позитивен феедбак.
Со овој начин сум решил најголем број на непристигнати пратки. А другите кои не стигнале сега тоа е, ризик. Секако нема на кој да се жалам.