Патот до вистинската среќа

  • Креатор на темата Креатор на темата Marina_21
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 март 2007
Мислења
317
Поени од реакции
20
Прочитав една интересна мисла која вика "Ако луѓето можеа да не направат среќни, немаше да ни треба Господ". Многу луѓе, ја бркаат, трчаат по среќата, мислат дека ако завршат факултет ќе бидат среќни, па ај само уште да се омажам-оженам и готово го достигнав врвот, па ај само уште дете, па ај да заврши факултет детето, па ај подобра кола и се до бескрај. А единствениот кој МОЖЕ ама и САКА да не ускреќи е Бог. Луѓето додаваат на среќата, ама само ако сме поврзани со ИЗВОРОТ на среќата...
Ова е моето мислење, повелете демантирајте или потврдете или споделете го вашето искуство...
 
Се сложувам со тебе но само субјективно, сепак не би генерализирал. Само за да ми помогне и усреќи Бог, потребно е и јас да му помогнам за тоа, да имам отворено а не закоравено срце, како сега на пример. А човек со отворено срце треба да верува во луѓето, па и да го гледа Бога во секого од нив. Поврзано нели?
 
Токму така, ама ако тргнеш од тоа дека и ти си грешен и повредуваш други сакајќи ли несакајќи, реално е да очекуваш дека ќе бидеш и ти повреден од луѓе...е сега има разлика од повреда до повреда. А за тоа дека треба да го гледаме Бог, сигурно, само поентата ми беше дека прво треба да се сака Бог, за да може да се негува правилна љубов кон другите и да не се очекува тоа што не може да се добие.
а by the way зашто си со закоравено срце???
 
поентата ми беше дека прво треба да се сака Бог, за да може да се негува правилна љубов кон другите и да не се очекува тоа што не може да се добие.

Токму така. :) Јас премногу очекував од Него, како да е дух од волшебна ламба и изгубив вера и во него и во луѓето. Па затоа сега сакав да кажам дека можеби треба да почнам да го барам најпрвин во луѓето а не на небото.
а by the way зашто си со закоравено срце???

Дел напишав погоре, плус фрустрации, неуспеси, немање волја, не гледање смисла во животов и така... :) Во детали не би навлегувал овде.
 
срцето е во мир кога е верата во Бог во него, и Бог ги испраќа за нас Ангелите на земјата, оние кои немаат крилја, или не се гледаат, но срцето ги чувствува. Кога помислувам на Ангелите помислувам само на еден Ангел, благослов од Бог за мене. Блажена е љубовта преку Бога. Прво треба да ја има таа љубов толку чиста за Бога во срцето за да може тоа срце да ги препознае Ангелите на земјата, и да ги сака преку љубовта во Бога. Таа љубов, само таа е чиста и нежна, зашто е благословена од Бог.
 
Поетски кажано и те сфаќам што сакаш да кажеш, ама за буквалистите, лужето не можат да бидат анѓели, анжелите се духовни суштества, а дека Бог може да не усреќи преку луѓе, може и тоа како!
:smir:
 
Еден ни беше испратен од него(од Бога) но за жал прекратко се задржа на овој свет ни ја покажа вистинскита смисла на нашиов земен живот тој бесе толку совршена љубов која неможеше предолго да се задржи на овој свет,ни го осветли патот до вистинската среќа кој се состои во чиста безрезервна љубов кон Бога мораме сите да изградиме синовски однос со него да го сакаме со сето свое срце сета своја душа и сите свои помисли како и постојано да се молиме,зошто се од него доаѓа се е испаратено од него за усовршување на нашите души.
Тоа е за мене вистинскиот пат до среќата додека сме на овој свет .
 
Patot do vistinskata sreka e ne baraj da imas zadovolstva, tuku da nemas bolki!
 
Е како се постигнува таа состојба де?
 
Еден ни беше испратен од него(од Бога) но за жал прекратко се задржа на овој свет ни ја покажа вистинскита смисла на нашиов земен живот тој бесе толку совршена љубов која неможеше предолго да се задржи на овој свет,ни го осветли патот до вистинската среќа кој се состои во чиста безрезервна љубов кон Бога мораме сите да изградиме синовски однос со него да го сакаме со сето свое срце сета своја душа и сите свои помисли како и постојано да се молиме,зошто се од него доаѓа се е испаратено од него за усовршување на нашите души.
Тоа е за мене вистинскиот пат до среќата додека сме на овој свет .
Ако потенцираш на Тоше Тоше беше човек кој правеше добри работи но бидејќи Бог ги дозволи но замина зошто тргна во друга насока веруваше на гатачката од Ерусалим.
 
Каква гатачка бе? Што збориш?
 
Прочитав една интересна мисла која вика "Ако луѓето можеа да не направат среќни, немаше да ни треба Господ". Многу луѓе, ја бркаат, трчаат по среќата, мислат дека ако завршат факултет ќе бидат среќни, па ај само уште да се омажам-оженам и готово го достигнав врвот, па ај само уште дете, па ај да заврши факултет детето, па ај подобра кола и се до бескрај. А единствениот кој МОЖЕ ама и САКА да не ускреќи е Бог. Луѓето додаваат на среќата, ама само ако сме поврзани со ИЗВОРОТ на среќата...
Ова е моето мислење, повелете демантирајте или потврдете или споделете го вашето искуство...

Ако се сведам себеси на тоа толку патетично и елементарно ниво да ја чекам својата сопствена среќа од Бог, тогаш не заслужувам да чекорам по земјава и да им трошам воздух на луѓето.
Веројатно е егоцентрично да се верува во тоа дека единствениот човек кој што може да ми донесе среќа сум си јас сама на себе, но, на крајот од денот заклучокот сепак ќе биде тој.Јас ги носам одлуките, јас ги повлекувам потезите, јас одбирам дали ќе бидам прекрасна или мизерна и ништо друго, најмалку Бог може да влијае врз мојата перцепција на работите и патот кој што ќе сакам да го одам за да бидам среќна.
Ако е хедонизам и матријализам, одлично, ако е алтруизам и хуманизам, повторно, фино за мене.

Пат ... илјада и еден е, сите меѓусебно се вкрстуваат, секогаш може да се смени правецот и брзината, дали ќе бидеме потоа Титаник или подморницата на Жил Верн, твое е, не на „Бог“.
 
А после сето тоа, доаѓа и крајот. А што после крајот?
 
Тоа само ако си семоќна и можеш да ги контролираш постапките на луѓето и однесувањето на природата. Пример, може некој лудак да те удри со кола кога поминуваш улица? Може. Може некој да ти поклони нешто и да те израдува? Може. Може да те стрефи гром? Може. Некои работи едноставно се случуваат на луѓето без тие да ги предизвикаат.
Ти судбината си ја држиш во свои раце. Да, ама само дел држиш. Остатокот не е во твоја контрола.

А после сето тоа, доаѓа и крајот. А што после крајот?
Човече, молим те, не поставувај глупи прашања. По дефиниција, по крајот нема ништо. Ако имаше нешто немаше да биде крај.
А ако има задгробен живот, што знам дека всушност тебе те интересира, тој неможе да биде бескраен, освен ако не се врти во круг (како што ќе ти кажат источните филозофи). Како и да е Христијанската идеја за вечен задгробен живот е со фабричка маана во неа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom