Транспарентност: Власта продолжува со партизација
12.11.2008 15:47Продолжува партизацијата која ја спроведува власта, предупреди „Транспарентност Македонија“ во октомврискиот извештај за состојбата со корупцијата.
Невладината организација е загрижена и поради тенденцијата на масовно именување на високи функционери во по неколку управни одбори на јавните претпријатија, иако тоа е спротивно на законот.
„Државната комисија за жалби по јавни набавки, во чии состав се исклучиво лица блиски до власта, само ја потврдува практиката на самоволие и ароганстноста на Владата, инсталирање на партиски кадри во сите државни органи, со што се нанесува огромна штета во функционирањето на правната држава и во борбата против корупцијата“, изјави Ана Јаневска, извршен директор на ТМ.