Партискиот систем и поделеноста во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Goran_Makedon
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Еве , нешто што е едно од најзагрижувачките дејствија кое се одвива паралелно со нашата транзиција. Не ми е јасно која е целта на поделбата во една толку мала и убава земја? Зар не научивме доволно овие 18 години и не прочитавме доволно низ нашата историја за ваквото самоуништувачко расположение? Не сакам да ве масирам со филозофирање, ама ве поканувам сите , партиски членови и симпатизери, неопределени, Македонци , Албанци и сите други националности, луѓе од било кој град или село и класа во Македонија. Дајте да подискутираме како да се промени оваа негативна ситуација, реално да поработиме на ова , сите како Македонци, да си кажеме што ни пречи едни кај други, да ги измениме меѓусебните односи и да донесеме ете еден правилник на меѓусебно однесување и почитување.Сигурно испуштив да спомнам многу работи, затоа ве молам давајте идеи и ве молам бидете конструктивни и сериозни кон оваа тема, бидејќи сметам дека е многу важна за секој еден од нас.
 
Парите го вртат светот, а политичката моќ ти обезбедува најлесно ... па ти види :)

Безцелно е да се расправа за политичка поделба, кога цел свет е то, нема култура, историја, традиција, менталитет..... важни се политичката моќ и парите ... то е се
 
Пере тропаш глупости.Ако немаш култура, немаш историја , традиција и се друго што си спомнал а и испуштил, без тие работи нема да те има и тебе, е ако те нема тебе како ќе имаш ти пари и моќ? Не зборуваме само за нас и нашава генерација, што ќе имоставиш на тие после тебе ? Или пак ќе станеш јак бизнисмен па ќе им ја обезбедиш иднината без тие да се секираат кои се и што се?

И побарав да пишуваме за нашата поделеност, помеѓу Македонскиот народ на било која основа, како да го измениме тоа???
Пере со пари може ли да се измени, колку ќе не кошта да се зближиме и да се сакаме и почитуваме ние Македонците меѓусебно ?
 
Немојте да се секирате Македонецот пак ќе е единствен оваа се само минлива фаза која ке помине брзо.
А за делби има насекаде по светот никој не е имун на политичките делби.
 
Немојте да се секирате Македонецот пак ќе е единствен оваа се само минлива фаза која ке помине брзо.
А за делби има насекаде по светот никој не е имун на политичките делби.

Кај нас постојат секакви делби не само политички.Убаво е да постојат разлики во размислувањата, за да постои баланс.
Меѓутоа да постои поделеност која е повеќе во полза на нашите противници одколку на нас самите, тоа богами бара повеќе од било каков имунитет.
 
Братууу, јас за себе ли зборев ил за политичарите :vozbud: Јас си почитувам се што е мое, Македонско, респект за сите останати, но првенствено е МАКЕДОНСКОТО, сам можам да си заработам со сопствен грб....

ПОЛИТИЧАРИТЕ и зависните од политичарите т.е лижачите на газови на големиот брат, или пастир (кој како милува) не им е важно дал ќе газат по мртви и живи, по браќа и сестри по историја, култура, традиција... по Македонизмот ... занив битни се парите што ги добиваат и поголем ранг у партија (поголема партиска моќ)

И сеа додека има такви, ќе има и поделеност а ќе има такви знаеш до кога?
Се додека не ни заживее економија, индустрија се дур не дојде на ред нашата генерација која не е воспитувана во комуњарски дух...респект за постарите ама факт е дека несакаат да работат тук живеат во девизата (секој работи колку можи, зима колку му треба) ... секако со чест на исклучоците :)
 
Кај нас постојат секакви делби не само политички.Убаво е да постојат разлики во размислувањата, за да постои баланс.
Меѓутоа да постои поделеност која е повеќе во полза на нашите противници одколку на нас самите, тоа богами бара повеќе од било каков имунитет.

Точно е дека кај нас постојат секакви поделби но сепак изворот на тие поделби најчесто е политиката, а тоа е затоа што кај нас секој е ПОЛИТИЧАР.
 
Еве , нешто што е едно од најзагрижувачките дејствија кое се одвива паралелно со нашата транзиција. Не ми е јасно која е целта на поделбата во една толку мала и убава земја? Зар не научивме доволно овие 18 години и не прочитавме доволно низ нашата историја за ваквото самоуништувачко расположение? Не сакам да ве масирам со филозофирање, ама ве поканувам сите , партиски членови и симпатизери, неопределени, Македонци , Албанци и сите други националности, луѓе од било кој град или село и класа во Македонија. Дајте да подискутираме како да се промени оваа негативна ситуација, реално да поработиме на ова , сите како Македонци, да си кажеме што ни пречи едни кај други, да ги измениме меѓусебните односи и да донесеме ете еден правилник на меѓусебно однесување и почитување.Сигурно испуштив да спомнам многу работи, затоа ве молам давајте идеи и ве молам бидете конструктивни и сериозни кон оваа тема, бидејќи сметам дека е многу важна за секој еден од нас.

НЕ научивме
 
Немојте да се секирате Македонецот пак ќе е единствен оваа се само минлива фаза која ке помине брзо.
А за делби има насекаде по светот никој не е имун на политичките делби.

Дај освежи ми ја меморијава, извини кога тоа Македонецот бил единствен?

Факт дека до некаде мора да постои партиска поделеност, поради тоа што имаме повеќе партии. Не е проблемот тоа што имаме партиска поделеност по однос на внатрешните прашања...Проблемот настанува кога за државните интереси таа поделеност уште повеќе се продлабочува. Кога се работи за државата, сите интереси, моќ и останати пропратни елемени мораат да бидат ставени во заден план. На пример интересен е примерот со Швајцарија, кога го бираат Сојузниот Совет бираат седум членови од сите поголеми партии, да има еднаква застапеност. Но она што е интересно е дека тие 7 членови, во моментот кога ќе стапат во Советот, ги оставаат партиските интереси на страна и како првенствен, основен, најважен елемент им е интересот на државата. Кога државните интереси ќе се остварат, кога ќе ги направат работите НЕОПХОДНИ за доброто на државата, тек ондак размислуваат партиски. Ете тоа е проблемот во Македонската политика. Не треба никој да биде зачуден тоа што партиите се тепаат за власт. Ако некој не знаел, време е да се разбуди и да сфати, дека основна примарна цел на една политичка партија е да дојде до власта, која со себе носи де факто политичка моќ и способност за остварување на своите интереси. Е сега, тие политички партии, во нормалните земји, сепак се решаваат, најпрвин да видат што е неопходно за државата, а потоа за себе, а кај нас политичките партии гледаат што е неопходно за себе, а дури и помислувам на моменти дека државата не ја ставаат ни на второ место.

Жалосно е тоа што во Македонија, голем дел од луѓето не сфаќаат дека има работи кои се надпартиски, кои не би требало да бидат поврзувани со ниедна партија, бидејќи сепак државата не ја поседува ниедна партија. Политизираноста на народот и неговата затруеност со политика го создава тој раздор и таа партиска поделеност, а за голем дел од тоа се заслужни секако медиумите.

Лично, сметам дека односот што го имаат пред се политичарите спрема политката е погрешен, политиката порано била сфаќана како кралска вештина, со државата можеле само најмудрите да владеат. Ова ни во светот веќе не се гледа така (пример: Буш Џуниор, Саркози...),а не па кај нас.

Водењето држава е далеку од играчка и не е нешто што треба да се прави, само затоа што “ај да пробам“. Тоа е проблемот кај поголемиот дел од нашите политичари.

Како што реков поделеноста околу водењето на државата по однос на економијата, здравството и слични сектори е нормална и е потребна, едноумие е далеку од посакувано, НО кога се работи за работи кои се витална важност за државата, како што кај нас се моментално зачувување на идентитетот и слични државни прашања, мора да се најде и пронајде заеднички и единствен став кој ќе биде презентиран пред целата јавност и народот како таков ќе го прифати. Не е поентата за се и сешто да се удира спротивно едни на други. Мора да се најде заедничко решение, затоа што тоа е во интерес на државата. За се друго, можат да си вадат очи едни на други. Тоа е и до некаде поентата на демократијата.:wink: И да, сметам дека во Македонија има недостаток, односно не постои плурализам во вистинска смисла на зборот. Нормално е за секоја држава да има доминантни партии, но сепак потребни се и други групи кои ќе имаат било каква моќ на некој начин да влијаат во власта. Сепак Македонија е млада демократија, и е нормално да има многу недостатоци во истата. Како и да е, држава преќу ноќ не се гради. А не се гради богами и врз стари пеплосани, разнишани темели (социјализмот). Потребни се нови, цврсти, стабилни темели. Кога тоа ќе се случи, сите ќе уживаме во тие благодети...а ќе се случи, мора се случи...само е потребно време. И квалитетни луѓе.

А и да, во Македонија има недостаток од вистинско цивилно општество. Има недостаток од организации, здруженија и НВОа кои нема да перат само пари, туки и навистина нешто ќе прават.
 
Еве јас како ги делам Македонците.

Едуцирани и осознаени.
Политички слепци кои без протекции од политиката би биле обични шиткачи на зелено пазарче.
Со нив ама баш по ниедно прашање неможам да се договорам и тие ги сметам како рак рана на македонското опшество, со нив и да сакаш нема муабет.
 
А јас ги делам Македонците на партиски определени (кои не секогаш се сложуваат со сите одлуки на раководството на партијата), партиски неопределени и партиски полтрончиња (заморчиња). Овие последниве се најопасни.
 
Воздухот што го дишеме во Македонија ако не е партиски филтриран не смееме да го вдишеме..тоа е мое мислење...Малиген Рак на општеството нема никакви измени во последните 18 год...балансот го одржуваат со национално препукување палејќи го народот(балканци сме покажи со прст кон „различниот„ добиваш 30% од гласовите) кој што е инертен се додека не успееше да го компресираш па комбустираш и добиеш производ = партиски чад и остатоци(неопределени) или како милуваат кај нас во Македонија политичариве да ги наречат збунети граѓани незнаат што сакаат(или си со нас или си никој и ништо)...се надеваме се надеваме секогаш се надеваме но некако се во исто место стоиме цело време..Апсурдно!
 
Проблемот не е во поделеноста, туку дупката што таа поделеност ја создава.
Не е проблемот во малечко политичко препукување или разлики во размислувањата, но разликите кои што се појавуваат при партиската поделеност се во самата основа на размислување...

Едноставно кажано...
има едни кои што се гордеат на минатото но поради тоа се мразени, а има такви кои што ич не ги боли за минатото и изгледаат многу по примамливи...
Тоа за мене не е разлика во нештата, тоа е катастрофална поделеност во идеологиите и размислувањата од најситните нешта... Кога се менува власта во МК е како плима и осека, некогаш нема доволно од нештата, некогаш па непотребно долива се!

Со слика кажано нашата поделеност е...
grand%20canyon-jj-001.jpg
 
стварно значи, место да се множиме ние се делиме, а други не одземаат

ја викам да се собереме ние околу фундаменталното а тоа е нашиот идентитет

мислам дека ги употребив сите основни математички операции

само забораив да ставам точка, ама намерно
еве запирка барем употребив
 
Izvinete ako sum Off.
Vo prviot post povikuvas da se pocituvame veke vo vtoriot vikas deka drugite tropaat gluposti.
Clasica Macedonica.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom