Партиите поседуваат опрема за прислушкување?

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248


predrag-petrovic.jpg
Предраг Петровиќ
prazno.gif
prazno.gif
25.03.2006 Кој се прислушкува во Македонија? Се погласни се обвинувањата дека освен државата, подолго време и некои политички партии имаат разузнавачки служби и опрема за прислушкување.
А1 дојде до фотографии на опрема за прислушкување во партиска сопственост. Ги снимиле странски служби кои следеле како се пренесува партиската технологија за прислушкување од едно на друго место со цел да не бидат откриени.
Редовно се селеле кога таканаречените кртови од Министерството за внатрешни ќе ги предупределе партиските штабови дека е откриена локацијата.
Фотографиите се правени во моментите кога опремата била пренесувана низ Скопје во времето на коалиционата влада. Прислушните апарати никогаш не се запленети и постои сомневање дека се уште се користат.
Кратко време, технологијата била во стан во скопската населба Лептокарија. Од таму, набрзина била пренесена во едно министерство за време на широката коалиција.
Извори за А1 тврдат дека сега се наоѓа во приватна куќа на Водно. Со опремата ракувале лица кои имаат искуство, работејќи во еден период во управата за безбедност и контраразузнавање.
Токму пред извесно време, Тито Петковски обвинуваше дека има информации за негово прислушкување. На ова стигна демант од Министерството за внатрешни работи.
Експертите велат: МВР нема потенцијал да ги покрива и странците и партиите. Активностите се насочени исклучиво на првите. И ВМРО-Народна неодамна обвини дека некој ги прислушкува нивните мобилни телефони, посебно за време на состаноците.
Тие се сомневаа и дека некој ги следи, затоа што постојано ги забележувале истите луѓе во нивната околина.
Многу вакви афери останаа нерасчистени, исто како „Сина птица“ и „Дувло“. Уште не е јасно ниту од каде ги набави сите стенограми Бранко Црвенковски кога обвини за „Големото уво“. Тој тврдеше дека таква обемна активност не може да направи никој друг освен државна служба.
Владата на Георгиевски, пак, ја обвини опозицијата дека аферата прислушкување е нејзино масло и дека со тоа сака да ја сруши власта.
Случајот се разгледува и во Стразбур, но македонските судови не донесоа пресуда за оние што ги прислушкуваа и новинарите.
 
политика и вести

кај е тука веста? :raz:
или поради тоа шо се политички партии замешани си ја опнал темава во политика? :icon_lol:

и ко шо глеаш, нема коментари, сите знат... а проблемот е шо скоро никој ништо не прави против тоа:star:

хехе, ај од сега барај ме само телепатски :kez:
 
Не бе пер. На скајп бар нема прислушкувања :pos:
 
So zamaras be,na koj mu e gajle veke za politika.Daj tuka opni nekoja salam tema!breeeeeeeeeeeeee!
 
Мене сигурно нема да ме прислушуваат нема што да чујат а и не сум во политика така да кој си има мувата на капата нека му ја мисли, а тоа го има одамна нее од сега...сите знаат дека се прислушуваат едни со други и трети, а имаше и виц еден за Љубчо кога му се јавил на Бранко за да му каже дека тој веке ја онаудел таа од вчера вечер...:nesvest:
 
Да некои партии ама „некои„ имат опрема за прислушкување и тоа сум го видел повеке пати но најчесто во предизборието...
 
Serdarot напиша:
политика и вести

кај е тука веста? :raz:
или поради тоа шо се политички партии замешани си ја опнал темава во политика? :icon_lol:

После се што се деси денес, виде кај е веста? :kez:
 
не беа партии, МНР и МВР беа :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom