Паркирање

  • Креатор на темата Креатор на темата Lu
  • Време на започнување Време на започнување
За 90% од луѓето треба вакво нешто!
Во 90% од случаите кај шо можиш да се паркираш, системот ќе ти кажи дека не те бери, па ќе се убиеш од вртење дур да најдиш доволно простор за да има да маневрира.

За во западна европа и америка системот можеби ќе брка работа. По битолските улици кои шо се праени во турско со идеја за да се разминат 2 магариња тешко дека ќе биди ефикасен.
 
Да ова е точно. Кај нас џабе ваков систем, кај нас џабе сите системи :)))
Него во турско и турција е градена ама широчина упм :) Обични улици низ најмало градче поголеми од партизанска.
 
Аааа ако се раководите по сензорите, тешко вас, се согласувам со Армин и Џиш. Туку си треба да си ја научите колата до кај ви ја бере, претстава да си имате. Мене никогаш не ми било проблем паркирање и пред да научам да возам ми викаа женски не знаеле ова она ама дури најинтересниот дел ми стана сега тоа :))
 
жалам шо немав можнос да снимам али бев случаен минувач.. има една бандера кај нас у мало и сеа нема жици ништо само така е остаена....една типка враќа на рикверц, и едновреме подзастана отвара џамот за да види кај да вози..продолжи да се глеа на огледалото..изглеа наеднаш испушти кумплук коа се фукна у бандерата позади..:pos::pos:
 
ОК, пробувам да не сум стереотипен, посебно пошто сум положен едно месец ипол време ама....

Возам пред некој ден низ градов, гужва во сообраќајот упм, на секои 2 метра застануваме колоната. Шо е финтава после 10 - 15 минути гледам една ројка паркирала сред пат ебате глупачата проста ебате. Значи ионака има испаркирано коли на патот од десната страна, кокошкава земала "паркирала" до нив (фактички сред пат) нити може паркираните да излезат, нити може да се движат колите по патот. Да станеш да и ја фукниш една.

Ебате глупачата проста ебате, да знаев ке ја снимав да и се смее цел град и цела држава. И казна нека и ропнат да не и текне да вози повеќе.

Остај тоа настрана, мене лично бочното паркирање само не ми оди пошто како што кажав сум нов шофер. Може ли некој да препорача некои клипови со инструкции или нешто би бил многу благодарен.

Фала однапред.
 
паркирање.. конкретно у македонија т.е поточно скопје е исто како да му кажеш на некој ај стој на глава ! океј не за сите ама за добар дел од луѓето ова важи. дали незнаат да се паркираат дали немаат мозок у тоа главата дали ги мрзи да вртат со тоа воланот незнам шо е работава.. значи катастрофа!имам многу пати видено прилика кај што една кола фаќа 2 паркинг места т.е паркирана е на линија меѓу две места и башка на косо е ставена.. ваквите треба казни да си плаќаат или барем 2 паркинг места нека плаќаат тогаш. има луѓе од типот вози вози му текнало да застане десна лента четри жмигавци гаси кола и го нема пола саат! за овие дефинитивно казна.. и сум приметил скоро 50 60 посто од возачиве незнаат паралелно паркирање. Што е тука толку тешко ептен не ми е јасно...

П.С еве ви како се паркира во скопје

dsc01810.jpg
 
Аааа ако се раководите по сензорите, тешко вас, се согласувам со Армин и Џиш. Туку си треба да си ја научите колата до кај ви ја бере, претстава да си имате. Мене никогаш не ми било проблем паркирање и пред да научам да возам ми викаа женски не знаеле ова она ама дури најинтересниот дел ми стана сега тоа :))
Точно, и немојте да се учите по сензори никогаш да паркирате. Јас мразам сензори. Замисли да откажи нешто, мислиш дека имаш сензори, се` додека не ја учукаш колата и направиш штета.
 
Се е до искуството. На почеток повеќе се малтретира човек со паркирањето а со време станува рутина... И да, треба добро да се познава автомобилот.
 
Точно, и немојте да се учите по сензори никогаш да паркирате. Јас мразам сензори. Замисли да откажи нешто, мислиш дека имаш сензори, се` додека не ја учукаш колата и направиш штета.

ами ако откаже сензорот се познава одма не покажувa(на дисплејот) колкаво e растојаниеto меѓу колите
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom