Здраво живо. Тазе региструран сум на форумов, иако го следам неклку години, па ајде пред се` едно кратко запознавање..
Се викам Влатко, и сум од Охрид.. Долги години гнијам по форуми и тн и тн.. Ако некој нешто да дознае, нека праша..
Што се однесува до темава, ќе се исповедам накратко и овде.
Воедно, темата ми претставуваше и мотив за баш во овој момент да се регистрирам.
Имено, имам тазе папагалче Нимфа. Дома е од 15-ти март вечерта, што значи ~9 дена.
Според она што го имам читано, полот му е машки. Па, брзопотезно доби и име - ТЕО.
Еве некое сличе ( жалам за слабиот квалитет.. Сликан е со мобилен.. ):
http://img242.imageshack.us/i/99914518.jpg/
На сликите е добар.. Пријателски расположен..
Кулминацијата на нашето пријателство беше јадењето од рака на третиот-четвртиот ден:
И качувањето на 5-тиот ден:
Ова е позитивната верзија. Негативната следува:
Според ова што го читам ( папагалот да се чува некоја недела в`кафез пред прв пат да се пушти за да ја научи средината бла бла бла..), тоа е и единствената грешка.
Кажав дека стекнавме брзо пријателство.. но, не се научи да седи во кафез, и да јаде од истиот.. Има некој страв и незапознаетост од кафезот. Сега секој ден бара да полета, ама воопшто нема намера за назад.. Па, при крајот на денот морам присилно да го вратам.. После тоа, едно пола саат сме скарани!
Meѓутоа денес беше малку по див од обично, па морав да употребам малку поголема строгост и напор што значи, последниве 5-6 саати не ме остава ни до кафез да се доближам.. Осеќам дека се здоби со голема одбивност, и страв од мене..
Па, решив да ги следам инструкциите од оваа тема.. Т.е, сега ќе биде затворен едно 5-6 дена, па малце по малце ќе си го градиме пријателството.. Претпоставувам ќе успеам..
Другото што осетив дека лошо му провлијае, е тоа што во рој од овие 9 дена му сменав 2 кафези.. Првиот му беше мал, па пред 3 дена му купив голем кафез, наменет за нимфи..
Се надевам не е доцна за нов почеток, или..?
Тоа е тоа за сега. Ќе видиме како ќе оди тој тек.. Па... ќе бидете известени за евентуалниот напредок.
Поздрав,
Влатко