Папагали (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување
Денес пак мојот папагал се спаси од правење на чорба од него......обожава на полиците да ги префаќа и турка украсите, а дене ми го истурка и го скрши најновиот украс од Грција(мала керамичка анфора):facepalm:

Ги обара со клунот и ги турка со нозете како да игра фудбал. Све повеќе и повеќе збеснува и излегува од контрола. Не се трпи веќе:uzi:
 
Важи уште за трампа !? :D

Абе мојов никако не сака да се научи да бања.Бега дури и од спреј шишето со кое почнав на почеток.Ај пробав тањирче со вода ,НЕ и НЕ. Дај ако не,важи трампата,глеам твојот е баш ко мене,директор:pipi: Јаде,крши,газда у куќа :icon_mrgr:
 
Едноставно како и луѓето така и папагалите се различни по табиет. Вероватно нечуствува потреба од бањање и затоа не бара.

Многу одамна јас чував тигрици кои не сакаат да се бањаат, и одвреме на време сосила ги капев во леѓен. Последната тигрица што ја имав самата одеше под чешма и се прскаше со вода.

Розе колинсот беше посебна приказна-можеше да се искапе и во една чаша со заборавена вода на дното. Знаеше да се фати со канџите за ивицата од чашата и со клунот да го досегне дното и да се прска со вода:pos:
 
Му отвораш нешто ново и одма мора да се испита:pos:

28716099896_9d643883ec_b.jpg

и после ``метлата`` од таму, одма се закачува на нешто од каде можи да ја ``следи`` ситуацијата

28463507870_028fc55f90_b.jpg
 
Дечки, дали можам да ја испрашам тигрицата со прашок инсектицид Neo Pirox? Го земав уште пред некое време, ама се плашам да го испрашам, да не умре? Пошто он си се чепка и чисти. Иначе го земав од пет шоп.
 
Не се заебавај со инсектициди, пестициди и што ти ја знам, нека ти стои така папагалот.... нормално е за птиците да се чепкаат и да се чистат, тоа го прават барем 5-6 пати во денот
 
Ама многу му паѓаат и пердувите. Има изгледа некои ситни бубачиња што му ги јадат пердувите, што знам.
 
Дечки, дали можам да ја испрашам тигрицата со прашок инсектицид Neo Pirox? Го земав уште пред некое време, ама се плашам да го испрашам, да не умре? Пошто он си се чепка и чисти. Иначе го земав од пет шоп.
Мои пријатели го испрскаа папагалот(тиргица) со спреј за комарци(наводно фатил вошки) и нормално папагалот им умре
 
Што си е сигурно сигурно. Нека си седи така, едно изгубив не планирам уште едно. Фала за советите. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom