Папагали (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување
Дали си сигурен дека не се од ист пол?
Ако се од ист пол....
А ако се од различен пол тогаш треба да им „ текне “. Е тоа е проблем и кај нив има да речеме љубовни проблеми сично како кај луѓето ....
Пробај да им пуштиш звуци на други папагалчиња ( има на Јутуб), веројатно и папагалите имаат „ љубовни песни “
Пробај да земеш, најдобри позајми, уште едно папагалче па да видиш како ќе реагираат. Ако се од ист пол, новодојденото е од различен пол ќе почнат да се вртат околу него и да бараат гнездо.
Пробај да најдеш по интернетов која храна им го стимулира нагонот за размножување.
А можеш да консултираш и ветеринар
Во секој случај мислам дека треба и понатаму да ги чуваш. Можеби покасно ќе им „ текне “
Им купив капки витамин б за во вода.+4-5 вида на витамини првин два чував едно 2 месеца со витаминиве,па пред месец дека купив уште едно женско ама нишо.
 
папагалчето е старо 2 месеца, полот тешко дека ќе го увидиш кога е толку малечко ... може ти кажал дека е машко за да ти го шитне само :)
Им купив капки витамин б за во вода.+4-5 вида на витамини првин два чував едно 2 месеца со витаминиве,па пред месец дека купив уште едно женско ама нишо.
повеќе услови влијаат на фактор јајца ... пред се просторот во кој се чуваат мроа да им одговара ... да гледаат во природа ( на прозор зеленило и слично ) , одреден ден од денот да ги фати сонце , толина на просторија ... исто така мора да им посветуваш внимание да ги занимаваш одреден дел од денот ... на крајот витаминска храна да им даваш онаа што е со зрнца во разни бои ... резултати за 1-2 месеца одма ќе видиш.
Имав женка нимфа и тигрица , секој месец се истураа од несење јајца така да ако сакаш да го реализираш планот послушај ми го советот :P.
 
Последно уредено:
папагалчето е старо 2 месеца, полот тешко дека ќе го увидиш кога е толку малечко ... може ти кажал дека е машко за да ти го шитне само :)

повеќе услови влијаат на фактор јајца ... пред се просторот во кој се чуваат мроа да им одговара ... да гледаат во природа ( на прозор зеленило и слично ) , одреден ден од денот да ги фати сонце , толина на просторија ... исто така мора да им посветуваш внимание да ги занимаваш одреден дел од денот ... на крајот витаминска храна да им даваш онаа што е со зрнца во разни бои ... резултати за 1-2 месеца одма ќе видиш.
Имав женка нимфа и тигрица , секој месец се истураа од несење јајца така да ако сакаш да го реализираш планот послушај ми го советот :P.

Za toa neznam bidejki mi posoci nekolku maski na ista vozrast za da si biram mi izgledase kako da se razbira vo rab :)
 
Има некој ветеринар што се разбира за папагали во скопје.Мислам дека ми е болна нимфава па да прашам за помош.
 
Дечки ај малку помош околу Љубовните птици :D
Во пет шопот ми кажаа дека препорачливо е да се земат во пар, самостојно не би опстанале, па ме интересира имате ли искуства со само едно :)
 
Дечки ај малку помош околу Љубовните птици :D
Во пет шопот ми кажаа дека препорачливо е да се земат во пар, самостојно не би опстанале, па ме интересира имате ли искуства со само едно :)

Те лажат, сакаат да се опарат од тебе :LOL:.
Јас чувам само едно, и ништо не му фали... разиграно, развикано, разлетано... милина :pipi:
Е сега постојат ретки случаеви во кафезите каде што се чуваат папагалите во пет-шоповите, можеш да најдеш и сродни души... Е само тогаш треба да земеш во пар, дека греота ќе биде ако ги разделиш, многу тешко го поднесуваат тоа.

Мој совет е да си најдиш друг пет-шоп дека овие кај што си бил очигледно сакаат да ти земат + пари за уште еден папагал... а верувај ми, поарно е да имаш едно папагалче, дека повеќе ќе се приврзи со тебе и твојата фамилија. Ако земеш две папагалчиња, воопшто нема да те пасат :LOL:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ok.
Не бе, не верувам, зашто прво барав Какаду или Ара и ми рекоа дека се многу специфични за одгледување, па ми ги предложија нимфите, тигриците и овие :D Нимфа веќе имав, ја чував околу 12 години, па сега сакав едно вакво :D
Инаку ги немаше во пет шопот, но може да се нарачаат, па ќе си земам едно :P
 
Доколку некој е заинтересиран, продавам папагал Мал Александар 9 месеци стар (непознаен пол) + кафез од 74цм висок, 48цм ширина и 48цм должина (Сириски) за само 100 Е
 
Доколку некој е заинтересиран, продавам папагал Мал Александар 9 месеци стар (непознаен пол) + кафез од 74цм висок, 48цм ширина и 48цм должина (Сириски) за само 100 Е
Скапо друже , од пет шоп Mал Александар кошта 5500 ден.
 
Папагалот е сива боја што е поскапа од стандардната, а и кафезот е голем, 2500 денари го купив пред 6 месеци
А зошто се реши за неполна година да го даваш папагалот?
 
А зошто се реши за неполна година да го даваш папагалот?
Немам доволно време да му посветам внимание, на факултет сум и секој ден учам за колоквиуми/испити, само заради тоа, иначе папагалот е во одлична здравствена состојба, секој ден му давам овошје и зеленчук и потребните додатоци, за вистински купувачи постои простор за намалување на цената, поздрав.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom