Папагал бил отстранет од фудбалски натпревар, бидејќи го имитирал свирењето на судијата за време на натпреварот.
Натпреварот помеѓу екипите на Hatfield Town и Hertford Heath се претворил во хаос откако светло зелениот папагал почнал да ги деконцентрира играчите. Сопственичката ја донела малата птица во кафез и заедно го следеле натпреварот. Во првата половина од натпреварот меѓу двата тима папагалот се однесувал нормално, додека во првите 10 минути од второто полувреме „пердувестиот навивач“ почнал да прави проблеми, имитирајќи го свирежот на судијата. Свиркањето направило хаос на теренот, по што сопственичката и нејзиното милениче биле замолени да го напуштат натпреварот.
- Ова беше голем натпревар на кој присуствуваа многу луѓе. Одненадеж се појави жена која стоеше сосема блиску до теренот, држејќи кафез со зелен папагал во него. Најпрвин не ми пречеше, но секој пат кога ќе свирнев со судиското свирче, папагалот ме имитираше. Сите играчи запираа, беше бизарно, а публиката се смееше. Требаше да направам многу повеќе и да му покажам црвен картон на папагалот, вели судијата на натпреварот, Гери Бејли.
По продолжението, натпреварот меѓу двата тима завршил со победа на Hatfield Town, поразувајќи го Hertford Heath со 5:2.
По продолжението, натпреварот меѓу двата тима завршил со победа на Hatfield Town, поразувајќи го Hertford Heath со 5:2.
):pos2::pos2::pos2:

