Паганизам

  • Креатор на темата Креатор на темата MakedoN_Ares
  • Време на започнување Време на започнување

Го поддржувате ли паганизмот

  • Да

    Гласови: 47 50,0%
  • Не

    Гласови: 47 50,0%

  • Вкупно гласачи
    94
Во христијанството има доста словенски паганизам.Перун е заменет со св.Илија,Велес со Сатаната,Палењето даб за Бадник е пагански обичај од старите словени,а и Коледе кај словените бил бог на зимското сонце итн итн...

Па не би рекол,св Илија води корени од раната антика,од градот Троја или Илион...
 
Ајде да прашам нешто.Ако не е за овде екслекс преместуј.

Во словенската митологија има еден врховен Бог Творец кој е именуван како РОД-креатор на универзумот.Потоа ги имаме громовникот Перун,Велес-бог на стадата,земјата,водата...,кај западните и јужните словени ја имаме Огнена Марија-божица на огнот,сестра на Перун(ја има и во православието истата или со истото име),Радегаст-бог на домот,медицината...,Сиебог и Жива биле богови на љубовта и бракот итн итн...
Кај свовенската митологија среќаваме и вампири,врколаци,добри и лоши духови...

Во Христијанството исто има Бог Творец кој христијаните го нарекуваат троичен Бог составен од Отец,Син и Свет Дух.Во христијанството нема други богови,но затоа има илјадници светци на кои верниците се молат на нивните идоли-иконите и бараат од тие светци да им подарат здравје,среќа итн...
Во христијанството го имаме громовникот св.Илија,св.Никола-заштитник на морепловците,рибарите...,св.Валентин-заштитник на бракот,светите Вера,Надеж и Љубов,го имаме светецот-лекар св.Пантелејмон итн итн.....
И во христијанството исто се среќаваат добри и лоши натприродни ентитети како ангели,демони,ѓаволи...

По што се разликува христијанството од паганизмот,односно дали и христијанството е еден вид паганизам?
 
Христијанството е јудаизам прилагоден за пагани
 
Хехе,сакаш да кажеш дека евреите им го наметнале христијанството на паганите бидејќи не успеале да ги претопат во јудаизам?Не мислам дека е така но сепак интересно...:)
 
Исус си беше и остана јудаист, верен на старите законии прописи. Тој не основал нова вера. И неговиот брат Јаков и апостолот Петар и следбениците на Исуса си живееа по строгите Јудајски закони, со молитви обрежувања, почитувања на заповедите и законите.

Павле ги отфрли тие закони и прописи кога примаше во верата јудејска пагани. Додуше Јаков му рече да ги ослободи од заповедите освен од блудничење и јадење на месо оод удавени или жртвовани животни али Павле и тоа со јадењето го отфрли, како денес со европска унија му укина визи му кажа дека е доволно само да го сакаат ближниот и да си го сакаат дседо боже и го создаде христијанството, а паганите со себе си донесоа и старите божества на кои после им дадоа христијански улоги и задачи.
Интеграција бе.
 
Во право си.Но сепак за тоа Исус не е ништо крив да поради извитопереното христијанство тој денес да биде плукан и непочитуван од некои.
 
Во христијанството има доста словенски паганизам.Перун е заменет со св.Илија,Велес со Сатаната,Палењето даб за Бадник е пагански обичај од старите словени,а и Коледе кај словените бил бог на зимското сонце итн итн...

Па не би рекол,св Илија води корени од раната антика,од градот Троја или Илион...

Илија е старозаветен пророк. Како таков, во Јудаизмот си зазема свое место и нема врска ни со Хелиос, ни си Троја (Илиј, Илион). Но подоцна со мешањето на верите е поистоветуван и со Хелиос Имено, Илија не умрел туку го собрала небесна кочија, а богот на сонцето, или самото сонце Хелиос исто така, според митот, го шета небото со кочија, па немало проблем да се измикса нешто, оти и имињата се слични (само навидум, нивниот произлез е доста различен).
Перун е громовник. Значи, има различни атрибути од овие двајца, но Словените некако го поврзале со Илија, односно со Хелиос поради тоа што се работи за божества кои го населуваат небото и влијаат врз атмосферските промени.
Велес не е божество на злото, т.е. не е типичен Сатана. Многу е посличен на богот на богатството Плутон, кој е подземно божество затоа што рудите, златото, среброто и скапоцените камења се вадат од земјата, па логично е и тој да се смести во подземниот свет. Кај Словените во првичниот период богатство биле домашните животни, односно стоката, па Велес е и бог на стадата.
Поларитетот меѓу нив се должи на односот небо - подземје, а не на конфронтацијата меѓу доброто и злото.
 
Во право си.Но сепак за тоа Исус не е ништо крив да поради извитопереното христијанство тој денес да биде плукан и непочитуван од некои.

Исус не е крив тоа да, у ствари никој не е крив, Павле направил религија луѓе прифатија... нема љутење.. Е сега то шо Исус појма немал дека некој ќе праи црква и вера на негов грб.....
 
Мислиш дека Исус не бил свесен за моќта на своето учење и можностите за религиско организирање после него? Мислиш ли дека тој не создал своја црква спротивставена на јудејското свештенство а со тоа и на јудејската црква уште за време на неговиот земен живот?
 
Исус не бил свесен дека од неговиот лик и дело следбениците ќе направат карамкаша...
 
Исус си беше јудеец и како јудеец си умрел. Ниту правел нова црква ни измислувал нов бог. Си постоел бог и законите тој само ги следел. Исус беше крал на Израел и заради тоа бил погубен, како закана за римската власт во Јудеја и Ерусалем.
 
Илија е старозаветен пророк. Како таков, во Јудаизмот си зазема свое место и нема врска ни со Хелиос, ни си Троја (Илиј, Илион). Но подоцна со мешањето на верите е поистоветуван и со Хелиос Имено, Илија не умрел туку го собрала небесна кочија, а богот на сонцето, или самото сонце Хелиос исто така, според митот, го шета небото со кочија, па немало проблем да се измикса нешто, оти и имињата се слични (само навидум, нивниот произлез е доста различен).
Перун е громовник. Значи, има различни атрибути од овие двајца, но Словените некако го поврзале со Илија, односно со Хелиос поради тоа што се работи за божества кои го населуваат небото и влијаат врз атмосферските промени.
Велес не е божество на злото, т.е. не е типичен Сатана. Многу е посличен на богот на богатството Плутон, кој е подземно божество затоа што рудите, златото, среброто и скапоцените камења се вадат од земјата, па логично е и тој да се смести во подземниот свет. Кај Словените во првичниот период богатство биле домашните животни, односно стоката, па Велес е и бог на стадата.
Поларитетот меѓу нив се должи на односот небо - подземје, а не на конфронтацијата меѓу доброто и злото.

Значи Илија и Хелиос се скоро идентични и по своето име и по своите боговски извршувања,а сепак се само случајно така слични,додека со Перун кој нема ни слична улоги ни име е заменет со Илија....не ти звучи некако нелогично,или си тераш некоја своја приказна??

--- надополнето ---

178_Sveti_Ilija.jpg

Helios2.jpg

Klimenko_perun.jpg

најди го натрапникот
 
Исус си беше јудеец и како јудеец си умрел. Ниту правел нова црква ни измислувал нов бог. Си постоел бог и законите тој само ги следел. Исус беше крал на Израел и заради тоа бил погубен, како закана за римската власт во Јудеја и Ерусалем.
Ти мислиш дека Исус кралствувал и со злато плаќал војска и слуги да му служат па побарал поголема земна власт или слобода за Израел, па го удреле римјаните? Јас мислам дека во Библијата стои подлабока приказна од тоа и ти тоа го знаеш.
Исус не бил свесен дека од неговиот лик и дело следбениците ќе направат карамкаша...
Мислам дека бил доволно интелигентен да знае дека луѓето во историјата од правдата и религиите прават карамкаши. Еврејската религија и учење добро го документирала тоа во Стариот Завет од своето непосредно раскажување и духовен контекст.
 
престанете со Исус .. паганизмот нема врска со него .. Темава е за пагански богови, за паганско учење, за денешните пагани .. не за христијанството ... кое спомнувајте го во некој контекст ако е потребно .. но не да се префрли муабетов за него ..
 
Значи Илија и Хелиос се скоро идентични и по своето име и по своите боговски извршувања,а сепак се само случајно така слични,додека со Перун кој нема ни слична улоги ни име е заменет со Илија....не ти звучи некако нелогично,или си тераш некоја своја приказна??

Како прво Илија не е бог, туку божји пророк кој на небото се издигнал со огнена кочија и врз основа на такви слики какви што си постирал е извршен синкретизмот меѓу овие двајца. Имињата се слични, некои атрибути се слични, верувањата се измешале и тоа е тоа...
Перун пак, е бог на громот, молњата, сличен е со Зевс, Јупитер, Индра и Тор. Неговото име се разликува од Илија и Хелиос, но со нив го поврзуваат атмосферските појави. Перун како господар на молњата и громот, е господар и на небесниот оган, со кој казнува и опоменува, а огнот пак го има и кај Илија и кај Хелиос. Во македонските преданија и легенди возењето на кочијата на св. Илија предизвикува татнеж, грмење и сл. Слични се и верувањата кај другите балкански народи и тука грмотевицата го заменува сонцето, Перун го заменува Хелиос.
Не терам своја приказна. За верувањата и обичаите меѓу луѓето се напишани многу книги, студии, речници, енциклопедии. Ако отвориш и разгледаш некоја од нив ќе се сретнеш со податоци кои горе - долу соодветствуваат со ова што го пишувам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom