Da Da, Bankite i Korrporaciite, samo za Tehnoloski razvoj i dobrobit na lugjeto se zalagaat. Pokraj toa sto donesoa finansiska kriza , i pad na nevrabotenosta, i porast na siromastijata, tolku se drski sto i platite si gi zgolemuvaat za "uspesnoto" rabotenje
Банкарите во САД со безобразно високи плати
Директорите на американските банки кои добија огромна сума државна помош си исплатиле во просек по 18 милиони долари како награда во минатата година
Американската банка „Ситигруп“ лани на секој од своите директори во просек му исплатила 18,6 милиони долари и покрај тоа што доби огромни финансиски средства на даночните обврзници. На големите банки им беа дадени вкупно 90 милијарди долари државна помош за да ја преживеат финансиската криза.
Оваа голема њујоршка банка исплатила вкупно 390,2 милиони долари за секој 21 раководител, покажаа податоците што ги објави Министерството за финансии во Америка.
Втората гигантска американска банка, Банк оф Америка, исплатила 227,8 милиони долари за своите 13 директори - просечно по 17,5 милиони на секој од нив, соопшти благајникот во Министерството, Кенет Фајнберг.
Тој, не наведувајќи имиња, потсети дека двете компании се' уште не го отплатиле долгот кон државата.
Фајнберг нареди во 2009 година намалување на платите просечно повеќе од 50 отсто за 136 раководители во седум фирми-примачи на државна помош кои тој ги контролирал. Американскиот претседател Барак Обама изјави дека „го навредува американскиот систем на вредности“ кога шефовите на компаниите „себеси си исплатуваат огромни бонуси иако се' уште се потпираат на помошта од даночните обврзници“.
Портпаролите на двете банки одбија да ја коментираат оваа информација.
Фајнберг оваа година на раководителите на „Ситигруп“ им ги намали платите за 272 милиона долари, односно за 70 отсто во однос на 2008 година. Тие, меѓутоа, оваа година сепак ќе добијат 118,4 милиони, во просек по 5,6 милиони долари секој од нив. Поголемиот број од исплатите ќе бидат во акции.
Во оваа сума е пресметаната и плата од еден долар за извршниот директор Викрам Пандит, кој во јануари доброволно самиот си ја намали платата, откако во 2008 година доби 10,8 милиони долари.
„Ситигруп“ побарала државна помош бидејќи лани забележала рекордна нето-загуба од 27,7 милијарди долари.
Банк оф Америка на своите раководители годинава ќе им исплати вкупно 78,6 милиони долари, 66 отсто помалку отколку лани, но секој од нив сепак ќе добие по шест милиони во просек.
Извршниот директор на таа компанија Кенет Луис, кој ќе се пензионира в година, оваа година работи без паричен надомест. Тој сепак ќе добие испратнина, која претходно годинава е проценета на 53,2 милиони долари.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2FC2EEF0EBEC684CB4F1171435086567
P.S Gospod tebe da ti e napomos SmartAss, sto si takov naiven...dodeka ima ovci, ke ima sto da se strizi....:helou: