Па што ми е гајле!

  • Креатор на темата Креатор на темата Скулгрл
  • Време на започнување Време на започнување

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
70
Возраст
36
МНООООООООГУ ПОУЧНА ПРИКАЗНА!!!



Си живееше еднаш многу оддамна еден брачен пар кој имаше дванаесгодишен син и едно магаре.

Еден ден мажот и жената решиле малку да патуваат, да работат и така да го запознаат светот па тргнале на пат.

Кога дошле во првото село, селаните почнале да зборуваат: Видетего ова невоспитано момче.

Тоа го јавнало магарето а неговите сироти родители одат пеш.

Жената кога слушна што зборуваат луѓето му рекла на мажот: Не смееме да дозволиме луѓето толку лошо да зборуваат за нашиот син.

Мажот ја послушал жена му го симнал детето и самиот го јавнал магарето.

Кога стигнале во другото село луѓето мрмореле: Како не му е срам на овој човек кога дозволува жена му и детето да го водат магарето а он да седи качен на него.

Видел невидел човекот, одлучил женаму да го јава магарето а тој и син му да го водат за оглав.

Така и стигнале во третото село каде луѓето повторно почнале да коментираат:

Сирот човек!

Цел ден работел, а жена му седнала на магарето.

И сирото дете!

Којзнае што го чека со таква мајка.

Кога ги чуле коментарите на селаните, мажот и жената решиле сите тројца да се качат на магарето и така да го продолжат патот.

Кога стигнале во следното село ги чуле мештаните како коментираат дека на сиротото магаре ќе му пукне кичмата од преголема тежина.

Засрамени од коментарите на мештаните, сите тројца се симанале од магарето и одлучиле да пешачат покрај него.

Кога проаѓале низ следното село, не можеле да им поверуваат на коментарите на мештаните кои им се смееле:

Погледнете ги само овие три будали... одат пешки,

а имаат магаре кое би можело да ги носи .







ПОУКА :

Што и да направиш, секогаш ќе те критикуваат и ќе зборат лошо за тебе...



Тешко е на сите да им се угоди, а и тешко е да пронајдеш некој на кого ќе му бидеш добар баш онаков каков што си.



Пушти го селото нека озборува...



Пеј, смеј се, играј, љуби и уживај во секој момент од својот живот...



Ако на својот пат до целта застануваш да го удриш со камен секое куче кое на тебе ќе залае...

никогаш нема да стигнеш до целта...
 
Дет’с рајт. Порано и јас многу се грижев што велат селаните за магарето мое, ама сега тулето за ништо не ми слуша. :)
 
Или кажано на модерен начин...
copyofhatersmkgz1.png
 
Јас од одамна не се замарам со тоа што ќе речат некои исфрустрирани и љубоморни суштества за мене.
На почеток ми беше можеби криво ако слушнев дека некој пуштил трач за мене дека сум ваква или онаква, ама сега... сфатив дека само тие без живот и без памет во глава буричкаат по сечиј живот и пробуваат да го оцрнат, мислејќи дека кој знае што постигнале... Get a life...
Јебеш га, ако сакам ќе одам покрај магарето. ако сакам ќе го јавнам... ми се може, моја одлука.:toe:
 
Прашини, зборови, подмолности, озборувања, нечесности, наштетувања, штеточини, мизерии....
Да ми се живи и здрави, само ги жалам , оти не се свесни дека она што посакуваш на другите себеси си посакуваш:)
 
Така е, на народот никогаш не му се погодува, никогаш устата не можеш да му ја затвориш, па ако се грижиш за такви озборувања си штетиш само на себеси.
Одамна го сфатив тоа и се трудам да постапувам онака како што јас сметам дека е најдобро, а да не им наштетувам на останатите. А озборувања секогаш имало и ќе има.
 
Navistina e mnogu poucna prikaznava...licno jas porano mnogu se zamarav za toa sto ce recat drugite , ama od koga vidov deka tie zboruvaat samo toa sto im odgovara , ne obrnuvam vnimanie veke ..
 
Или кажано на модерен начин...
copyofhatersmkgz1.png

Eве како кажуваат старите:)
konjxs4.jpg

И доста често си ја користам оваа мисла пред да изреагирам на нечии глупости...
Браво Скул за приказнава:)
 
Ах, секогаш ке има злобни души, и како и да гледаш гарант на некој нема да му биде погодено. Епа кога е така, како и да е тој некој нејќам да бидам јас. Ама ич мува не ме лази за вакви работи. Кој што сака нека зборува, важно мене да ми е погодено :)
 
Приказната е за жал повеќе од вистинита. Има нешто во луѓето, што ни тие самите не можат да си го објаснат, да се интересираат (макар и несвесно) за туѓите животи.
Порано кога ќе речев “ич не ми е гајле“ за нешто, всушност мислев половично, но последниов период ми се изнаслучија секакви работи така да кога го кажувам, стварно го мислам, и молам Бога да не ми го спомнат пак :)
 
-Позади секоја успешна личност, стои група на хејтери
-Позади добриот коњ, прашина се дига
-Не играме на златни гаќи
-Битно е само да се учествува
и слични реченици, се утешни за лузерите. глејте да не се тешите и да не си ги викате реченициве сами на себе, се повредувате и навредувате несвесно -) зашто? зашто најдобриот не си ги вика -)) едноставно знае дека е најдобар и не го занима.
бар,така ги согледувам.
сум сватил дека без разлика на тоа каков си, неможеш на сите да им се допаднеш и да им угодиш. секогаш ќе има некој што ќе ти најде замерка, без разлика на се. успешен или не, еднорог или не, пак ќе има некој што ќе ќења од страна. е сеа, разликата е во тоа кој ќења. ако ти е некој близок, тогаш боли. ако е некој непознат, небитен-нема потреба да се замараш. оује.

едит-страва фотошоп човече. насиље.
 
-Позади секоја успешна личност, стои група на хејтери
-Позади добриот коњ, прашина се дига
-Не играме на златни гаќи
-Битно е само да се учествува
и слични реченици, се утешни за лузерите. глејте да не се тешите и да не си ги викате реченициве сами на себе, се повредувате и навредувате несвесно -) зашто? зашто најдобриот не си ги вика -)) едноставно знае дека е најдобар и не го занима.
бар,така ги согледувам.
сум сватил дека без разлика на тоа каков си, неможеш на сите да им се допаднеш и да им угодиш. секогаш ќе има некој што ќе ти најде замерка, без разлика на се. успешен или не, еднорог или не, пак ќе има некој што ќе ќења од страна. е сеа, разликата е во тоа кој ќења. ако ти е некој близок, тогаш боли. ако е некој непознат, небитен-нема потреба да се замараш. оује.

едит-страва фотошоп човече. насиље.

Во овој контекст..
Имам комшивка која околу себе има создадено таков добро режиран филм, во кој сите околу неа се љубоморни....Дури и на нејзиното пазарење од продавница:)...
Мислам дека е потребно веќе еднаш да одиме во смер на промена на нашиот менталниот склоп во глобала, како што кажа kpbKENGUR...
Треба веќе еднаш да почниме да живееме за себе, не анализирајќи како другите гледаат на нашите успеси, неуспеси, како не гледаат кога влегуваме во продавница, кафич....Како гледаат на нашата нова кола, да ги анулираме нивните забелешки и сл.глупости
Да живееме за себе, а не за другите...Така ќе сме најдобри
 
~*~

Не битно дали ќе си најдобар за светот.
На крајот сите завршуваме под 2 метри земја, како прашина некаде во вода, не е ни битно ... останува само тоа што сме го одживеале, а крајно тоа е многу побитно и од вредноста на коњот и од прашината што се крева зад него.

Тој што е добар за себе, не ја ни забележува прашината што ја крева, ниту луѓето што се чудат на брзината.:ahhh:
 
Реално, во приказнава фалат две магариња.
 
Така е, на народот никогаш не му се погодува, никогаш устата не можеш да му ја затвориш, па ако се грижиш за такви озборувања си штетиш само на себеси.
Одамна го сфатив тоа и се трудам да постапувам онака како што јас сметам дека е најдобро, а да не им наштетувам на останатите. А озборувања секогаш имало и ќе има.
вистина е ова - на народ не се погажда, што и да сториш се маана ке ти најдат.Ама има една приказна- По арно- на лјудето во утата отколко во краката/ нозете/!
И уште една- што и да праииш не заборавај от пр'во си Човек па сетне се друго в овој живот!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom