...читам и само за јадење станува збор, зарем во Охрид се иде само за јадење па цените биле вакви такви?
...единствено погоре членот ска спомна за Плаошник што и мене истото ми се случи и не ми се наплати, а исто на таков начин претходно ми беше побарано во манастирот Бигорски и потоа дозволено за слободен влез како домашна, а не странски турист на кој му се наплаќа.
...за да се посети Охрид, според мене треба да се посетат знаменитости, па на крај да се руча, а не иди во Охрид за кафе покрај езеро и лапачка.
...пред Самоиловата тврдина наплата беше со карта 30 ден, па по некоја година 60 денари, наши туристи не сакаа да влезат со коментар ,,еее сега за камења ќе платиме" , така да јас влегов само со странски туристи да си ја разгледам тврдината што секогаш тоа го правам кога одам за Охрид, секогаш посетата си има своја драж, а панорамската глетка од сите страни е мелем за душа и секогаш е различно доживувањето.
...кога разговарав со човекот внатре кој продаваше билети и истите се како сувенири спомен од Охрид, ми вели тие пари биле за одржување на самата тврдина од забот на времето, е зашто нашите патриоти им е толку тешко да дадат едно евро за поминати моменти во Самоиловата тврдина, а од друга страна истите плаќаат за храна и кафе кои богами не се толку неопходни без да се посетат овие споменици во Охрид, па пицата била со цела неисчистена маслинка со коска,
...како не коментирате и не ви пречи што домашниот турист не го посетува местото на сопствената историја со само странци внатре и ниеден Македонец, му било скапо евро за ,,камења" да гледа, абе ајј.