Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Шо ке беше ова лето...:confused: Не ни можам да го наречам лето... Дали е можно сезонава да трајт само 5-6 дена... Пошо работев на плажа ке ви кажам дек до 22-23 јули никој немаше. Исто ко мај месец да сме. Арно се наполна ама то траеше до 1 август. Сеа пусто е се. Со времево ко шо е тргнато незнам... Ај јас се жалам ми заминаја сите момичина шо ги запознав и то е то за летово... Ам шо да речет газдиве , големи и помали... некој собирал цела година , инвестирал во некој помал бизнис(шанк,лежалки,кафич,педалинки итн..) и сеа сите пари шо ги сработал во тие 5-6 дена сезона ги даваш на кирии и на работна рака... Жално. Имам слушано од постари дека порано сезоната траела многу подолго јули август цел полн градов бил , штета то ние помладиве изглеа нема да го осетиме никогаш :rolleyes:.....​
 
Шо е финтава со дрвјата кај каналон? Паднати се од невремево, или исечени? Мене на исечени ми гледет.
 
За Охрид нема што многу да кажам, освен тоа Бакрачо или како и да е градоначалникот (се надевам ќе го види постираното или ќе му пренесат) ТРЕБА КОНЕЧНО да ги среди тревите и тоа НЕПРИСТАПНИОТ терен до зградите кај и околу билјанини извори (зградата на чифлиганец и околните) пошто треба да имаш ТРАКТОР за да поминиш. Тоа прво, второ.... викаме светски DJ-и, правиме настани и ред др работи, развиваме туризам нели, а околу стадиониот ПРАШУМА. добро, има комунално претпријатие во охрид?
ова следниот пат да се спомни кога премиерот ќе биде во охрид, ќе летаат глави.

тоа средете го, од другото сум задоволен. за кружните текови имаше доста дискусии... јас засега мака не гледам на кружните, ниту кога има гужви... мака едино можеш да видиш од неписмени возачи, а таквите ги има и на кружни и секаде.

пошто нема посебна тема... муабетот ми е и за РЕСЕН.
ЃОКО - исто ако чита (градоначалникот), да го поздравите и да му кажите дека патот му е ПРЕКОПАН во сред град!!! ако сака возилата да не му врват низ град, тогаш нека го оспособат патот, а не да биди прекопан од едната страна (по цела должина) и за да се разминат 2 возила едното треба да се расканта по тоа прекопаниот асфалт.
ако веќе пренасочувате сообраќај за да не се одвива низ центар, тогаш по тој пат по кој се одвива обезбедете услови за сообраќај...
не е само ај сакам градоначалник и ќе одам сливница ќе отворам 2 плажи, оп готово се е океј. е не е океј. дневно ЕДЕН КУП возила има што се обраќаат преку ресен за охрид и тој регион натаму, па не мора да ги раскантаат низ прекопан пат.
барем овај го кажуваат како ок градоначалник, мора да обрни внимание на патната инфраструктура.

фала многу, пријатно.
 
Да не се лажиме, ние туризам немаме, општо, цела Македонија. Ова го пишам после посета на Крф; Грција, каде навистина има туризам во права смисла на зборот а не ова шо Охрид го имат. :)
 
Шо ке беше ова лето...:confused: Не ни можам да го наречам лето... Дали е можно сезонава да трајт само 5-6 дена... Пошо работев на плажа ке ви кажам дек до 22-23 јули никој немаше. Исто ко мај месец да сме. Арно се наполна ама то траеше до 1 август. Сеа пусто е се. Со времево ко шо е тргнато незнам... Ај јас се жалам ми заминаја сите момичина шо ги запознав и то е то за летово... Ам шо да речет газдиве , големи и помали... некој собирал цела година , инвестирал во некој помал бизнис(шанк,лежалки,кафич,педалинки итн..) и сеа сите пари шо ги сработал во тие 5-6 дена сезона ги даваш на кирии и на работна рака... Жално. Имам слушано од постари дека порано сезоната траела многу подолго јули август цел полн градов бил , штета то ние помладиве изглеа нема да го осетиме никогаш :rolleyes:.....​
Во 80 тите во соработка со Генералтурист имаше многу чартер летови од Германија ,Белгија ,Холандија ,Англија а во Десарет имаше жива свирка ,Филипинки свиреа.
Главната сезона траеше до 20 август значи 50 дена,е сега Охрид кога имаше 55 000 жители и плус 30000 туристи тогаш е затка,денес во Охрид имат во градот 25 000 жители и ако дојдат уште 20 000 пак сме во минус ,значи тука лежит зајакот.
 
И? Еве Градиште на пример, кај ќе слетат хеликоптерот?
Си има посебна процедура за тоа.
Или ќе се симне на игралиштето или ќе се извлече со макара повредениот во специјално корито
 
има место кај да слета... на игралиште како што вика @Mercury или на крај краева паркинг има горе залив на коските, може и таму.
работата е, голема површина е од св. наум до охрид... (а и струга), мора да има и др алтернатива за побрзо стигање во вакви случаи.
патот е тесен, катастрофа... и да сакаат од брза помош не можат поскоро да стигнат.

ете вчера во центар исто брза помош одеше тука кај кафичите на кеј... дури да сврти поминаа 10 минути, уште 10 сигурно дури да излези од центар па да оди накај болница... тешко на тој што има потреба од такво нешто.
треба да се реши инфраструктурно со повеќе пунктови на брза помош, а од др страна мора да има и алтернатива освен превоз по копно (вода или воздух).
 
После чинарот во улицата лево има една ќебапчилница Вкусно се вика,за 70 денари 5 кебапи и лепче,да се најадиш ко човек
 
daj kazete be vecer ima nekoja dobra.svirka ili nekoj kafic.so mozi na raat da.slusam.rokce ?
 
daj kazete be vecer ima nekoja dobra.svirka ili nekoj kafic.so mozi na raat da.slusam.rokce ?

The Duck Cafe ( Кај Паткана) ...:) Исто така би ти препорачал ако си по рок музика и чил атмосвера да одиш Irish pub Balabans..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom