Охрид Љуботен и нормално Слупчане

  • Креатор на темата Креатор на темата Igor Wolf
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
26 септември 2011
Мислења
539
Поени од реакции
2.371
Охрид Љуботен и нормално Слупчане

Поминаа 12 години откако Љубчо Георгиевски, Имер Имери, Борис Трајковски, Б.Ц. и Арбен Џафери го потпишаа Охридскиот рамковен договор… Тројца од овие 5-мина луѓе веќе не се меѓу нас, другиве двајца беа во коалиција на претходните локални избори… Јасно како бел ден е дека ние по Рамковниот го попушивме, ама и нашите пријатели Албанци (освен рамковно вработените) го лапнаа со се јајца…

„Скопски Љуботен ја одбележа 12 годишнината од масакрот на седумте жители од ова село при нападот на безбедносните сили во 2001 година. Љуботенчани велат дека од тој датум до денеска не се променило ништо во нивниот живот. “ (извор Алсат М телевизија)

Нешто не ми е јасно… Па нели будалите кои тргнаа по паметот на марксистот и ленинист дајо Фазли се бореа за подобар живот за Албанците во Македонија… Ништо од бизнисот а пријатели… Дали и Вие како нас се чувствувате леко изонадени… Кај Вас е добро што приказната со автобусите од Арачиново заврши со двојазичен парламент и јарболи со фљамури таму каде што сте мнозинство… Кај нас Љубе е во затвор, Љубчо е сатанизиран како бугар, а Стојанче Ангелов мораше да лови пирати од Сомалија за да си ја прехрани фамилијата… Вашиве команданти се на почит, ете имате и министер за одбрана, дезертер од АРМ, некако не ми е вкусно да се буните за Јохан…

И мене не ми е убаво кога на Карпалак нема ни еден министер од вашиот блок, (пошо нели многу работаат немаат време од обврски) и о чудо за на меморијалот на УЧК-ве кај Слупчане сите се на линија… Тогаш ни една обврска не е толку важна за да се забатали датумот нели?

Тоа не е фер игра… Ама кој денеска ти го глеа ферплејот… Македонија дел по дел се федерализира, реториката се заострува… Листата со „рамковни“ барања нема крај, а пак Рамковниот никако да го видиме применет до крај, бидејќи немаат крај небулозите во Македонија…

„На 12 годишнината од браќата, сакам да кажам дека ништо не е сменето. Секогаш ситуацијата оди кон полошо, а не кон подобро. Ниту некој доаѓа да ги види овие деца, ниту ништо. На пример, Хаг го осуди Тарчуловски дека ми го масакрирал семејството, а цела Македонија го пречека на аеродромот. Го направија херој, а тој семејството ни го масакрираше, а сега го прават херој. Хаг го осуди, а сега го прават херој… Синот земаше 1.300 денари социјална помош, а веќе две години помошта му ја укинаа“, вели еден од жителите на ова село.“

Пријателе прашај го Ахмети… Нели тој Ви ветуваше мед и млеко ако се регрутирате или пак им носите храна на неговите „борци“ за човекови права… Утре пак гласајте и палете се како мали деца кога Ве залажуваат со егзибициите на Артан Груби…

Денес 12 години по Охрид, Љуботен и Арачиново, профитираа само фраериве што седат дома а примаат плата како да одат на работа… Денес 12 години по војната, на никого не му е гајле за жртвите. Токму поради таа причина сите паламудења дека Охридскиот договор ја направил Македонија подобро место за живеење граничат со глупостите објавени во книгите за Хари Потер и тврдењата на Александар Донски дека праел муабет со Александар Македонски.

Денес расцветавме како хемороиди… Ама некои прославуваат… Го прославуваат денот, кога со странски диктат се стави печат на една голема лага. Лага во која живееме и денес чекајќи го Годо да ни донесе соживот закачен на некој јарбол…

PS: Денеска прочитав дека професорката Ванковска не повикува да учиме Албански… Во право е професорката, бидејќи кога биологијата дитктира нема место за идеологија…
 
И Албанците се свеснаа дека:
wpt9qsr.png
Тру стори дека џабе беше..
 
Тоа е бе друже глуп народ.
Не е новина тоа отсекогаш било така.
Се залажува простата раја со ветувања за промени, од војната профитира само елитата која можеш на прсти да ја изброиш, а обичниот човек страда.(Ова е докажано многу пати низ историјата која се повторува ама се е џабе кога никој не сака да учи од неа)
 
Старине, комуњари ги викавме сите, ама у право беа кога викаа: -Никогаш нема да ја биде оваа држава... :D
 
Не биди сигурен дека и Албанците го лапнаа сосе јајца. Тие си ја остварија делумно и привремено целта. Се напикаа во сите клучни служби во државата, како здравство, судство, полиција, одбрана и си обезбедија да го саботираат одвнатре системот.
Ко ќе речиш дека се и тие за жалење размисли убаво... се симнаа неписмени орјати од планињето и се напикаа во сите клучни министерства и служби. Поголема премија од тоа нема. Само ние сме тие што загубивме.
 
Си велам.. добро збори човеков.. има поента.. ај да го дочитам.. и тогаш ми падна во очи еден дел
Токму поради таа причина сите паламудења дека Охридскиот договор ја направил Македонија подобро место за живеење граничат со глупостите објавени во книгите за Хари Потер
Пријателе.. знам дека не е темата за тоа... ама ако имаш прочитано бар една од тие книги, немало да тропнеш ваква глупост која не може да се мери ни со глупостите што ги треска Амди Бајрам..(n)
Ако ти не си сватил нешто.. не мора да значи дека е глупост..
За остатокот од текстот нема да зборам, затоа што веќе еднаш јадев бан... кога ги нареков нашите браќа онака како што им доликува.. така да.. нема да им го дадам тоа задоволство на админите овој пат.
 
Ко ќе го прочиташ името на градот кај шо живејш во некој си дебилен договор :facepalm: Никој ништо не доби, очигледно само мала група, а ние сите сме на исто ниво или полошо, без разлика од која ‘страна‘.Дали гледате подобрување во било кој дел од животот?Меѓуетнички, економски, социјален, било каков?Освен пензионерите, нали...
 
Не биди сигурен дека и Албанците го лапнаа сосе јајца. Тие си ја остварија делумно и привремено целта. Се напикаа во сите клучни служби во државата, како здравство, судство, полиција, одбрана и си обезбедија да го саботираат одвнатре системот.
Ко ќе речиш дека се и тие за жалење размисли убаво... се симнаа неписмени орјати од планињето и се напикаа во сите клучни министерства и служби. Поголема премија од тоа нема. Само ние сме тие што загубивме.

Болдот ...
Ако сакаш еден систем да го промениш ќе мора внатре во него да се инфилтрираш, да станеш дел од него и со тек на време да го промениш(во своја полза) или пак едноставно саботираш/колабираш ... ова е стара и скоро секогаш успешна тактика, патем денеска е веќе демоде да се водат борби по планини(никој не сака да гине, ни едната, ни другата страна), денеска државите/системите пропаѓаат или пак се променуваат поради инфилтрациите ... Евреите токму на овој начин ги држат САД за јајца, само 2% Евреи во САД контролираат 70-80% од капиталот, богатството, медиумите, сенатот, институциите... !
Додуша Албанците во МКД се далеку многу повеќе од 2% ама солидно им иде и во иднина постепено ќе ги завладеат сите институции на државата, како и бизнис секторот и.т.н.
Незнам за вас но според некои мои размислувања после Грујо и неговата тајфа новиот премиер или пак претседател на МКД ништо чудно и да е Албанец !
За 12 години колку напреднаа, мислам во преземањето на државните институции, а замислете во иднина во на пр. следните 12 години !
Секоја Македонска власт прави по некоја отстапка, на пр. претходната власт на тацна им ги даде Струга и Кичево, а сегашнава власт па ги амнестираше Хашките случаи, потоа дозволи да се постави екс УЧК генерал/командант министер на Армијата и.т.н. сите патриоти кој од кој поголем но и било која следна власт што ќе дојде мислам дека ќе продолжи на сличен начин по овие прашања !
--- надополнето: 14 август 2013 во 17:33 ---
Старине, комуњари ги викавме сите, ама у право беа кога викаа: -Никогаш нема да ја биде оваа држава... :D

Комуњарите се грешници но барем се колку-толку поискрени и отворено си кажуваат за разлика од овие денешни ’’патриоти’’ кои л’жат-сушат ...
т.е. преку своите медиуми и преку своите медиумски мегафони го лажат, манипулираат и трујат народот секојдневно со популизам и ја претставуваат Македонија како да тече мед и млеко ... а многумина од луѓето доста лесно паѓаат на тие популистички финти !
 
Евреите во Америка се итри и подмолни и знаат како да го контролираат системот.
Овие кај нас беа стока неписмена, научена да се коти инстинктивно.
Ама имаа среќа што истите тие Евреи им дојдоа да ги поучат како се уништува еден систем одвнатре.
Да не беа тие Евреи од Америка што ги подучуваа, ќе изгинеа во планињето и тука неславно ќе им завршеше војната за нивната т.н. гољама аљбањија. Од ко ги подучија дека не можат туку така против формациска армија само со кашикари и од заседи да се борат, им истекна тоа со договорот.
Да беше војната против Албанците, досега одамна решени многу работи во државата ќе беа и подобро ќе се живееше... ама против Евреин ако сакаш окози се, ама не можиш да се бориш.
 
Еве мислење на Генералот Ангелов потполно се согласувам со него
Стојанче Ангелов

Кој победи??? А кој изгуби во 2001-та???
За тоа кој победи, во некоја друга прилика. А за тоа кој изгуби... Изгуби Македонија. Изгубија сите македонски граѓани. Но најмногу од сите изгуби македонскиот народ. Македонија повеќе не е држава на Македонците. И уште полошо. Од 2001-ва наваму, македонскиот народ повеќе не може сам да одлучува за сопствената иднина. Мора да преговара, да се пазари и да моли за да се избори за нешто свое, национално и државно. Како последица на погрешното толкување и злоупотреба на Бадентеровото правило, при донесување на важни закони или други акти македонскиот народ секогаш може да биде стопиран од албанските вооружени екстремисти кои преку ноќ се претворија во албански политички екстремисти.
Но, не изгубивме ние, припадниците на македонските безбедносни сили. Ние победивме секаде. Победивме секаде каде што имавме наредба да војуваме. Изгубија политичарите. Изгуби македонскиот државен врв. Вооружените дејствија завршија предвреме и имаа нелогичен и неприроден крај. Тоа што албанските вооружени екстремисти реализираа дел од своите подоцнежни барања не значи дека победија. Не значи дека победија бидејки повеќе од јасно беше дека тие не се борат за човекови права. Во Македонија се повторуваше косовското сценарио. Нивната борба беше борба за територија а нивната крајна цел беше насилно отцепување на дел од македонската територија. Во тоа не успеаја, ниту можеа да успеат. Кога им згусти, со помош на претставници од меѓународната заедница, издејствуваа неприроден прекин на вооружените дејствија и се задоволија со реализација на дел од нивните официјални барања.
За жал, она што во 2001 година ние, македонските бранители, успеавме да го одбраниме со оружје, последниве десетина години го губиме со погрешни политички потези.
Владеачките македонски партии, од 2001-та до денес, ставајки го сопствениот пред националниот интерес, направија дузина отстапки и грешки кои и сега, но и во иднина, ќе не чинат многу како народ.
Затоа ние од “Достоинство“, поучени од нашиот непријател од 2001-та, во согласност со Охридскиот рамковен договор, со цел за подобрување на меѓуетничките односи во Република Македонија, покренавме граѓанска иницијатива за организирање на референдум со 4 референдумски прашања, референдум со кој можеме да исправиме барем некои од досегашните катастрофални политики поврзани со отстапките направени кон албанските екстремисти.
За жал, спротивно на Уставот, нашата референдумска иницијатива заглави. На потег е Уставниот суд на Република Македонија. Ние сме стрпливи и чекаме. Но, Македонија нема време за чекање...

Скопје, 13.08.2013 година
Претседател на “Достоинство“
Генерал Стојанче Ангелов
 
Денот кога се потпиша Рамковниот договор ќе биде запаметен како ден кога Македонија и Македонците почнаа полека но сигурно да ја губат својата татковина, државата во која се родиле, но истовремено почнаа и како народ да се истребуваат.
 
Проклет да е денот ко го потпишаја рамковниот!

Тие што го потпишаа бе :D :D :D А и Кирчо наш е крив. Абе политичариве не прееба и тоа јако, ама иди докажи им го тоа на овциве :D Уште па се тетовирал вмро дпмне никола груевски аиииииииииииииииии -.- Ако, малку ни е ова :D
 
Победи Македонската Армија, а изгубија Македонските Политичари !
--- надополнето: 15 август 2013 во 15:24 ---
Проклет да е денот ко го потпишаја рамковниот!

Еве го ако сака некој подетално да се запознае со рамковниот
 
Attachments

12 god se vo site pori na ova nase opstestvo [ direktorcinja parlamentarci,minestercinja] 12 god gi lasat albanezite za nekoja si idna albanska drzava vo stilot ''''''ovde si siromasen oti zivees pod okupacija na kaurite ,pobogat u poubav zivot ce imas vo taa idna drzava ''' slepci.... a nie si dobivme nesto sto sakal nejcel, da zvucam morbidno no moram da go poistovetam so Karcinom a na nasive slepci najvazno im e gepceto i pobeda na slednite izbori.
uste ednas se dokaza deka vo vojnata sekogas profitiraat pobednicite a porazenite t.e obicniot narod ce krpi den so den....dodeka gospodata od vlasta t.e pobednicte go ziveeat na dosta visoka noga .

A ,BE !!! kako moze da bideme tolku glup narod[a ne sme] ne mi e jasno,,i ednite i drugite i tretite ne sibaat vo rebra na ista finta vece 20god pa i vojna napravija samo da dojdat do profit i fotelja a nie glupite uporno izleguvame na izbori i gi glasame ,i gi glasame....NE MI E JASNO...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom