- Член од
- 26 септември 2011
- Мислења
- 539
- Поени од реакции
- 2.371
Охрид Љуботен и нормално Слупчане
Поминаа 12 години откако Љубчо Георгиевски, Имер Имери, Борис Трајковски, Б.Ц. и Арбен Џафери го потпишаа Охридскиот рамковен договор… Тројца од овие 5-мина луѓе веќе не се меѓу нас, другиве двајца беа во коалиција на претходните локални избори… Јасно како бел ден е дека ние по Рамковниот го попушивме, ама и нашите пријатели Албанци (освен рамковно вработените) го лапнаа со се јајца…
„Скопски Љуботен ја одбележа 12 годишнината од масакрот на седумте жители од ова село при нападот на безбедносните сили во 2001 година. Љуботенчани велат дека од тој датум до денеска не се променило ништо во нивниот живот. “ (извор Алсат М телевизија)
Нешто не ми е јасно… Па нели будалите кои тргнаа по паметот на марксистот и ленинист дајо Фазли се бореа за подобар живот за Албанците во Македонија… Ништо од бизнисот а пријатели… Дали и Вие како нас се чувствувате леко изонадени… Кај Вас е добро што приказната со автобусите од Арачиново заврши со двојазичен парламент и јарболи со фљамури таму каде што сте мнозинство… Кај нас Љубе е во затвор, Љубчо е сатанизиран како бугар, а Стојанче Ангелов мораше да лови пирати од Сомалија за да си ја прехрани фамилијата… Вашиве команданти се на почит, ете имате и министер за одбрана, дезертер од АРМ, некако не ми е вкусно да се буните за Јохан…
И мене не ми е убаво кога на Карпалак нема ни еден министер од вашиот блок, (пошо нели многу работаат немаат време од обврски) и о чудо за на меморијалот на УЧК-ве кај Слупчане сите се на линија… Тогаш ни една обврска не е толку важна за да се забатали датумот нели?
Тоа не е фер игра… Ама кој денеска ти го глеа ферплејот… Македонија дел по дел се федерализира, реториката се заострува… Листата со „рамковни“ барања нема крај, а пак Рамковниот никако да го видиме применет до крај, бидејќи немаат крај небулозите во Македонија…
„На 12 годишнината од браќата, сакам да кажам дека ништо не е сменето. Секогаш ситуацијата оди кон полошо, а не кон подобро. Ниту некој доаѓа да ги види овие деца, ниту ништо. На пример, Хаг го осуди Тарчуловски дека ми го масакрирал семејството, а цела Македонија го пречека на аеродромот. Го направија херој, а тој семејството ни го масакрираше, а сега го прават херој. Хаг го осуди, а сега го прават херој… Синот земаше 1.300 денари социјална помош, а веќе две години помошта му ја укинаа“, вели еден од жителите на ова село.“
Пријателе прашај го Ахмети… Нели тој Ви ветуваше мед и млеко ако се регрутирате или пак им носите храна на неговите „борци“ за човекови права… Утре пак гласајте и палете се како мали деца кога Ве залажуваат со егзибициите на Артан Груби…
Денес 12 години по Охрид, Љуботен и Арачиново, профитираа само фраериве што седат дома а примаат плата како да одат на работа… Денес 12 години по војната, на никого не му е гајле за жртвите. Токму поради таа причина сите паламудења дека Охридскиот договор ја направил Македонија подобро место за живеење граничат со глупостите објавени во книгите за Хари Потер и тврдењата на Александар Донски дека праел муабет со Александар Македонски.
Денес расцветавме како хемороиди… Ама некои прославуваат… Го прославуваат денот, кога со странски диктат се стави печат на една голема лага. Лага во која живееме и денес чекајќи го Годо да ни донесе соживот закачен на некој јарбол…
PS: Денеска прочитав дека професорката Ванковска не повикува да учиме Албански… Во право е професорката, бидејќи кога биологијата дитктира нема место за идеологија…