Охрид дупло поскап од Бугарија и од Грција

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.735
Поени од реакции
1.340
Туристичките агенции воопшто не го ни нудат Охрид за Велигден, оти за двокреветна соба со појадок во охридски хотел ќе треба да платите 177 евра за трите празнични ноќевања, а во хотел во Банско во соседна Бугарија, на пример, само 74 евра.

Охрид и Струга и годинава за велигденските празници ќе останат полупразни. Според хотелиерите, капацитетите за претстојниот празник ќе се полнат само со мал број странски туристи, кои веќе имаат направено резервации. Очекуваат организирано пристигнување на туристи од Грција, Србија, Бугарија, Косово, Холандија и од Италија.
"Веќе се направени групни резервации, но, сепак, интересот е многу мал. Најмногу ќе има гости од Србија и од Грција", велат хотелиерите.

BA4477E8AE3B1D4EB6BE72E88D33AF1E.JPG


Најевтината варијанта за три ноќевања со појадок во хотел во Охрид е 3.000 денари и таа понуда е веќе распродадена. Цената на двокреветна соба со појадок е 59 евра за ноќ, односно 177 евра за три ноќевања, а за еднокреветна соба цената е 33 евра за една ноќ или 99 евра за трите неработни дена за Велигден.
Во туристичките агенции велат дека токму поради изгор цените во охридските хотели, воопшто не ги ни ставаат во својата велигденска понуда. "А зошто би го ставиле Охрид кога имаме велигденски тури за во странство речиси за џабе", велат од агенциите. Најпримамлива дестинација е Истанбул, каде што еден четиридневен аранжман чини од 110 до 140 евра. Велигденски викенд во Банско, Бугарија, во хотел со три ѕвездички чини 4.500 денари или само 74 евра. Најпродавани за Грција се велигденските тури за Халкидики, каде што може да се најде аранжман со три ноќевања, појадок и организиран превоз за 6.000 денари или 100 евра.
Има интерес и за посета на европските метрополи. Четиридневен викенд во Прага чини од 280 до 310 евра, а може да се најде аранжман во Рим за цена од 480 до 510 евра. Во овие цени, туристичките агенции имаат пресметано превоз, сместување во хотели со три ѕвездички, како и туристички водич за сите дестинации.
"Охрид стана луксуз за одмор. Сместувањето е скапо, храната и пијалаците ги поскапеа, мислиш како да си некаде во Шпанија. А каде се превозот, бензинот и патарините? За парите што ќе ги потрошам за два дена во Охрид, сега ќе одам пет дена во Истанбул со сопругата. Знам дека ќе спијам во хотел со три ѕвездички, а не во двокреветна соба во куќа во Охрид", објаснува скопјанец, кој само што уплатил за велигденски викенд во Турција.
А на оние со попразни џебови им останува сместувањето во приватни куќи во Охрид, каде што ќе платат поевтино оти, како и досега, газдите нема да ги пријават, па ќе ги избегнат туристичката такса и ДДВ-то. (Љ.С.)
 
шо е факт факт е зато се губет туристи :helou:
 
here we go again!!!

:tapp:

Во грција 3 ноќевања со појадок и било поефтино? Или 510 евра во рим ЗА ЕДЕН. ДАЛИ ТИ ЗНАЕШ КАКОВ ОДМООР МОЖЕШ ДА ИМАШ за 30 000 денари во Охрид? Па цел автобус можеш да донесеш за тие пари + ќе ви останат пари за по едно пиво и водич да ве шета.

СЕКОЈА ГОДИНА ИСТИТЕ РАБОТИ ГИ ЗБОРУВАМЕ!!!!! Правите споредби катастрофи, го споредувате Охрид со Рим, или Охрид со Шпанија на море.
 
Па ке биде поскап кога рипна цената на нафтата, а ние у македонија најмногу нафта пиеме па мора и овие охриѓаните да не останата покуси, абе цело море нивно да можат ке го исспразнат и ке го напунат со нафта и ке се бањаат у него и ке пијат... абе проклета нека е оваа свест кај луѓето.
 
here we go again!!!

:tapp:

Во грција 3 ноќевања со појадок и било поефтино? Или 510 евра во рим ЗА ЕДЕН. ДАЛИ ТИ ЗНАЕШ КАКОВ ОДМООР МОЖЕШ ДА ИМАШ за 30 000 денари во Охрид? Па цел автобус можеш да донесеш за тие пари + ќе ви останат пари за по едно пиво и водич да ве шета.

СЕКОЈА ГОДИНА ИСТИТЕ РАБОТИ ГИ ЗБОРУВАМЕ!!!!! Правите споредби катастрофи, го споредувате Охрид со Рим, или Охрид со Шпанија на море.

Абе не знаеш што пишиваш ти....немој да ми кажеш дека Охрид нуди повеќе работи од некои градови во Грција и Бугарија !!!! И за истите пари во грција си на море и нудат ногу повеќе и е поефтино од Охрид и струга ! И шо не е јасно сеа ја незнам кога сме тиња народ тиња сме лакоми по пари.
 
Лани што бев во Охрид бев..ептен пасош немав, ама годинава Бугарија не ми бега..све е поевтино и плус море и јаки женски што даваат..а не ова Охриѓанкиве очи ќе ти извадат :)
 
се’ е преценето во МакедонијаВА :tapp:
 
100-ка за до Халкидики наспроти 177 Охрид хмм што ли би избрал????
implied-facepalm.jpg


Не видов имало 4 дена Истанбул за 140.....
 
Охрид дупло поскап од Бугарија и од Грција

И дупло недостижен у последно време. Може некогаш и ќе научат луѓето како се "тера" бизнис. Лакомоста дојде до израз одамна.
 
Абе не знаеш што пишиваш ти....немој да ми кажеш дека Охрид нуди повеќе работи од некои градови во Грција и Бугарија !!!! И за истите пари во грција си на море и нудат ногу повеќе и е поефтино од Охрид и струга ! И шо не е јасно сеа ја незнам кога сме тиња народ тиња сме лакоми по пари.

Абе многу си е убав Охрид и има што да понуди, ама народот е катиљ сорта
 
i POSLE ZASO NIKOJ NE ODEL E ZASO DE ????? i ja ne bi odel !!!!!!!! mn e skapo preterano za se e skapo se mislat dek ase neso kuznae so i deka se na azuren breg

letoska idam u CRNA GORA !!!!!!!!
 
Ѓаволот оди кај Господ и му вика да му даде една шанша да направи некоја добрина. Господ му вика: Кај можеш ти ѓаволе да направиш добрина кога си лош!!! -Абе ти дај ми , па ќе видиш дека ке направам добрина. И ај некако го убедил и му дал една шанса. После извесен период оди господ да види што има овој направено и го гледам дека Охрид го направил-убав,среден,природни убавини,прекрасни градби... Се чуди и му вика на Ѓаволов: - Како е возможно толку голема добрина да направиш? -Ееееее можам, ама да видиш што народ му дадов!!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom