Обожавам овошје. Се случувало и по цели денови тоа да ми биде храна. Не можам да функционирам ако во денот 2 пати најмалку не конзумирам овошје. Ги јадам речиси сите видови овошје, но најомилени ми се праските.
Обожавам овошје па не би можела да издвојам некое што посебно ми се допаѓа. Секое утро јадам овошје, тоа ми е всушност и доручек. И задолжително еднаш неделно цел ден конзумирам овошје за да се прочисти организмот.
Па неам некое омилено овошје,сакам јагоди и цреши многу,сакам праски ама само од тие мазните и тоа тврди....Јадам и кајсии,а и ананасот ми прави кејф...Ич не го сакам грејпфрутот...
Нема ден без овошје, сакам се (само диња не јадам) а најмногу јагоди -мљац,мљац....ги обожавам...и зелени јаболка...и праски...и лубеница...и кајсии...
Немам баш омилено ама најчесто јадам банани.Во лето обожавам дињи и лубеници.Исто сакам и јаболка,портокали,грозје.Скоро сите овошја ги јадам во основа.
овошјееее моето најомилено јадење.јас неможам да го поминам денот а да не каснам било какво овошје.сакам јагоди,праски(голи),цреши,јаболка(златен делишес),диња,лубеница,мушмули,банани,грозје,сливи,кајсии,портокали,лимон...
а најомилено овошје ми е праската ама голи праски и исклучиво да бидат тврди.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.