Outer Banks

Член од
17 јануари 2021
Мислења
11
Поени од реакции
15
Колку што видов немате тема на серијава, па сакав да отворам една дискусија во врска со неа бидејќи нетрпеливо ги чекам следните сезони . Јас сум фанатик на серии, имам изгледано преку 30 сигурно и повеќе и ретко некоја да ми остави внимание и да ја гледам со огромна заинтересираност.

Краток опис:
Се работи за група од тинејџери, кои живеат во Outer Banks, и се делумно сиромашни, немаат добри фамилии, некои од нив воошто и немаат фамилија и се оставени сами на себе. Тие си се самите една мала лојална фамилија. Градот е поделен на сиромашните кои ги нарекуваст Pouges, a богатите се Kooks.
Во серијата се трага по златото на потонат брод, и никој не може да го најде. Таткото на John B, главниот лик стигнува блиску да го пронајде но исчезнува, оставајќи го својот син сам и негова единствена цел е да го заврши она што неговиот татко го започна. Со помош на неговите најблиски другари и другарки се фрлаат во страшни авантури и невољи. Серијата е полна со возбудливи моменти и неочекувани пресврти.

П.С Ги изгледав двете сезони и имам многу интересна теорија на заговор, но не сакам да им направам spoilers на тие што не ја гледале.
Што мислите вие за серијата?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom