Отворено првото училиште за секс, ќе имало и практична настава!

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
0391007.48.jpg

Во близина на Виена е отворено првото меѓународно училиште за секс. Целта на наставната програма ќе биде луѓето да научат разни сексуални техники кои ќе им го променат животот, но и животот на нивните најблиски.
Ylva-Maria Thompson, директорката на ова училиште, која е родена во Шведска, тврди дека за сите гранки на образованието постојат квалитетни програми за вежбање на умот и телот, но не и за системско развивање на сексуалните вештини.
Покрај тоа, сексот во образовните институции е табу тема, се споменува само во делот за репродукцијата, а темите за сексуалното задоволство и сексуалните вештини и техники скоро секогаш се избегнуваат.
„Нашата програма вклучува и теорија и пракса. Теоријата подразбира преглед на минатите и современите теории на секслуаноста, а ќе ги учиме луѓето и секс пози, техники на допир, анатомски факти, а најважно е дека ученците ќе имаат пракса“.
Уписите за ова училиште започнале неодамна, а иако наставата ќе започне дури во 2012 веќе сите места се пополнети, а еден семестар чини 1400 евра.
Семестарот во училиштето вклучува пет курсеви или три интензивни курсеви. Најголемиот дел од наставата ќе се одвива на германски јазик, а ќе постојат и посебни викенд курсеви за парови.
Во училиштето ќе постојат испити, а целта е луѓето да се стекнат со добро образование за нивната и туѓата сексуалност, да научат сексуални техники, кои ќе им го променат животот.
Отварањето на ова училиште веќе кренало многу прашина во јавноста, а многумина тврдат дека ова е маскиран начин да се продаваат сексуални услуги, па затоа школото го изедначуваат со јавна куќа.

Јас мислам дека треба и кај нас вакво да има :D вие што мислите за сето ова?
 
Практичната настава можи само да се изведува со кукли или некои препарати. Не е се со човечкото тело. Сигурно нема да му дадат на девојчината да ја изгубат невиноста со кукла или практично пред 100 души кои ќе бидат во тоа училиште. Едноставно би ги подучувале на некои работи уште како мали, па можи на праксата да се изведуваат ставањето на кондом, практични настави што ќе се изведуваат валда со кукли или нешто слично, болести и такви работи. Малце е потребно за некои што незнаат да почнат да се припалуваат на тоа што ќе му го кажуваат. Со тоа можи да му се наруши и менталитеот на децата уште од мали. Сепак пред се, од една страна се има и негативни работи но и позитвини. И не би рекол дека тоа можи да биди државно училиште, туку можи да биди приватно пред се.
 
Уписите за ова училиште започнале неодамна, а иако наставата ќе започне дури во 2012 веќе сите места се пополнети, а еден семестар чини 1400 евра.

Па за тие пари искрејно не се исплати. Може да си купат порно филмови, помагала, видеа и списанија со пози....итн. и да си учат дома.
 
За жал, сексуалноста и во 21 век сѐуште е табу, што тера дел од популацијата да се однесува нерационално, како во случајот.
Одвојување на сексуалноста и сексот од секојдневноста на животот и ставање во група “науки што се учат на факултет“ само говори за тоа колку погрешна и комерцијализирана претстава имаме за нив.

Од ваквата status quo ситуација профитира само секс-индустријата, а државата ја користи за манипулација со рајата, трубејќи постојано за државен квазиморал.

Другата крајност е таа како кај нас, наставниците и професорите да црвенеат кога на крај од годината по биологија ќе треба да спомнат “пенис“ и “вагина“, или да ги скокнат неколкуте лекции...
 
Можам само да го замислам школово,професорите и деректорките се маваат на мртво, учебник ќе им биде камасутрата...итн. :D
 
Практичната настава можи само да се изведува со кукли или некои препарати. Не е се со човечкото тело. Сигурно нема да му дадат на девојчината да ја изгубат невиноста со кукла или практично пред 100 души кои ќе бидат во тоа училиште. Едноставно би ги подучувале на некои работи уште како мали, па можи на праксата да се изведуваат ставањето на кондом, практични настави што ќе се изведуваат валда со кукли или нешто слично, болести и такви работи. Малце е потребно за некои што незнаат да почнат да се припалуваат на тоа што ќе му го кажуваат. Со тоа можи да му се наруши и менталитеот на децата уште од мали. Сепак пред се, од една страна се има и негативни работи но и позитвини. И не би рекол дека тоа можи да биди државно училиште, туку можи да биди приватно пред се.


Никаде не пишува дека училиштето е за деца ;)
 
Никаде не пишува дека училиштето е за деца ;)
А никаде не пишува ни дека тоа е за затуцани и за да му се помогне да се најде партнер. Чим е СЕКС училиште, сигурно нема да одат некои што се искусни во тоа, туку некои кои сакаат да научат за тоа или да си го прошират своето знаење. Верувај не само легни секс и крај. Премногу внимателни работи треба да се дешаваат при цел тој процес. Па затоа реков сигурно ќе има и деца за да можи да научат уште од мали некои работи. Кај нас чупината викаат, послем 18 дека ќе дадат. Но во другите земји тоа е поинаку. Тоа го прават тоа одкако ќе се земат. Да не претерам али многу девојки таму не се даваат толку лесно, едноставно се чуваат до првата брачна ноќ. Затоа што за тоа за некој е незаборавна вечер, вечер која ќе се памти, и так натаму.Да не бегам од темата, не го практикувај тоа како овде што е. Секаде си има свој принципи и закони за секусуалните односи. Посебно како што пишува ќе се изведува во Германија таа настава, а знаеш ли колку паметен народ се германците? Сигурно нема да дозволат практичната настава да се изведи за оние кои се невини. За нив ќе биди со кукли, а за тие парови (кои веќе имаат доживеано сексуално искуство) што одат таму, за нив ќе му се дава практична настава дома. Како што е спомнато демек учење нови пози, како до оргазам, како до подбар секс и така натаму.
 
Шваби/Австријци и нивниот смисол за хумор... Ама ај ќе видиме.
 
Јас веќе се имам запишано таму..значи преку мој братучет на неговиот дедо, таткото живее таму и тој ме запиша пошо си живеееме мноу :свиркам:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom