Ок батка, очекувано од тебе.
Јас те испочитував, прочитав едно дело на човекот кој ги решил сите светски мистерии, прочитав неколку осврти на неговите дела, се разбира од негови противници, и заклучив тоа што заклучив. Ти го соопштив тоа, и ти поставив конкретно прашање од конкретно дело.
Ти не одговараш. Твое право.
Само за твоја информација, кога Хептаграм (или Ипси беше не се сеќавам), твојот најлут противник, ми ја даде Либер ал Вегис во електронски формат, и кога го распрашував, човекот не бегаше од одговори, туку се обидуваше да ги објасни работите. Тој разговор не го водевме на форумов, туку на чет.
И види чудо, почнувајќи од волјат, до целта, преку метафора со орбити, убаво може да се најде заеднички јазик и разбирање.
Верувам дека истиот разговор, ќе нема проблем и тука да го води, иако ќе биде троа подолг. И ќе има взаемна почит и разбирање.
Дали ти можеш да го сториш истото?
Он го има Кроули како лик чија сенка е надвисната над неговиот ред, а ти го имаш Гурџиеф како чудотворец и одгатнувач на мистерии, во твоите размисли.
Засега делува дека неговото дело е многу над она што ти сакаш да го презентираш.
Повели докажи го спротивното за себе како лик кој има нараторски способности, и колку Г. понудил учење, подобро од она што го нуди телемата
Ти си на потег, пријателе.