- Член од
- 30 декември 2005
- Мислења
- 1.190
- Поени од реакции
- 5
Начинот на сурфање по интернет наскоро би можело револуционерно да се измени благодарение на новиот компјутерски алгоритам до кој дошол еден 26 годишен австралиски студент, кој на тоа работел целосно сам околу половина година во компјутерската лабораторија на својот универзитет во Сиднеј.
Новата математичка формула што управува со начинот на работата на пребарувачот, веројатно целосно ќе го измени животот на австралискиот студент, Ори Алон, но и на корисниците на интернет ширум светот, објавија во средата весниците во Сиднеј.
Гугл успеа да ги претекне своите американски противници Мајкрософт и Јаху во откупот на правата на користење на новата програма, наречена Орион, според неговиот автор, кога неговата управа веднаш го „повлекла“ во своето калифорниско седиште за да ги заштити се уште необјавените податоци.
Се очекува дека Орион многу бргу ќе стане клучен пребарувач во светот.
„Наместо да кликнете на линкот за да дојдете до саканата интернет страна и да ја добиете бараната информација, претходно чекајќи некое време таа да се „отвори“, процесот ќе биде значително забрзан, бидејќи податоците што ве интересираат ќе се појават автоматски“, објаснува Ерик Мартин од одделението за компјутерски науки при универзитетот во Нов Јужен Велс, каде студира Ори.
„Ори е исклучително креативен, брилијантен студент и неговата работа е многу ефектна, бидејќи за шест месеци успеа да постигне нешто за што на други студенти би им требале три до четири години“ го пофалил професорот Мартин својот студент.
www.a1.com.mk