Оригиналност

  • Креатор на темата Креатор на темата SWEDEN
  • Време на започнување Време на започнување
Абе мене некој ме праша за дозвола кога се отвараше темава? М?!!

Се шалам. Прво, ни сам не се сеќавам баш најдобро на текот на моите мисли кога ја пишував поемава. Рејзр, мојот drift, ако така може да се нарече беше повеќе наваму- Се кршат огледалата- несогледлив е текот на општествениот развиток- парчињата кои се одразуваат во останатите парчиња креираат слика на бесконечност која се простира во недоглед- рециклираме стари идеи, тапкаме во место, се вртиме и вртиме во круг, а екстремите кои произлегуваат од таа креативна истоштеност создаваат манијаци, искривоколчени човечки суштества кои виреат во плодното тло на пост-модерната.
Кој е излезот? Можеби да престанеме да се сфаќаме себеси толку сериозно. Да престанеме да сереме и да го нарекуваме нашето гомно злато- со потполно сериозен израз на лицето. Да ја исвиркаме со гласна смеа илузијата која произлегува од кршењето на нашето огледало.
Веќе сме на тој пат. Но немајќи огледало, понекогаш исмеваме и идеи и концепти кои тоа не го заслужуваат. Заедно со психотичните струења на денешницата ги пародизираме и нештата кои се и треба да останат свети. Ги убиваме и хероите. А оружјето со кое им ги сечеме гркланите се растопува и го губи интензитетот, бидејќи се користи за погрешна намена.

Отприлика нешто така... Не знам дали има смисла, а некако и смислата на една поема се губи кога авторот е приморан да ја објасни...
Сеедно. Не знам што бара ова овде, не знам што барам јас овде, и така натаму. :baeh:

А за оригиналноста како поим, и немам некој став. Ако ме прашува некој дали воопшто постои, и тоа не знам. Не помагам многу, нели? :toe:

Sith
​
 
Само мртвите риби пливаат по течението на реката...

Оригиналност нема,има само прв и втор и таканатака...барем во делата..а во мислите,бар таму можете да бидете сигурни дека нема копирање,дури и да сакате...
 
Секој си е оригинален на свој начин, и истотака исфрустриран. :)
 
Back
На врв Bottom