Оптика,како..

  • Креатор на темата Креатор на темата oxygenne
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
10 јуни 2005
Мислења
413
Поени од реакции
145
Веб-сајт
www.exe.com.mk
########### Оптика ############

Мал вовед за тоа што е оптика и начинот на која таа функционира
Електромагнетските зраци кои потекнуваат од некој извор на светлина
патуваат по права линија,како што знаеме нивната брзина во вакуум изнесува
300 000 км во секунда.Меѓутоа низ други материјали светлината патува со
различна помала брзина.Кога светлината ја преминува границата од еден во друг
материјал дел од нејзе се одбива од самиот материјал и настанува рефлексија додека
останатиот дел навлегува во самиот материјал и се прекршува по некој агол.Процесот
се нарекува рефракција и токму тој овозможува светлината да може да патува преку некој
медиум.Мерењето на оптичката осетливост на некој медиум се врши преку индексот на рефракција
n кој го добиваме со следнава равенка n=брзина на светлина во вакум / брзина на светлина во
материјалот.Поголем индекс значи дека повеќе ја запира светлината.Утврдено е дека кај стаклото
со додавање одредени примеси индексот n е многу мал па затоа стаклото се користи најчесто како
оптички медиум.

optika.jpg





За да може еден зрак да патува од една дестинација до друга потребно е да остане
внатре во медиумот каде што се движи односно да не се рефрактира во обвивката околу медиумот.
За таа намена потребно е да се исполнат два услова:

-јадрото односно медиумот каде што се движи зракот треба да има поголем индекс на рефракција
од материјалот со кој е обложен.

-аголот под кој пага зракот треба да е поголем од критичниот агол одреден за таа средина


optika2.jpg



Q1<Qc Q2=Qc Q3>Qc(тотална рефлексија)

Може да заклучиме дека со контрола на аголот под кој паѓа светлосниот зрак може да се контролира
вториот услов и да имаме тотална рефлексија на нашиот зрак низ медиумот со што имаме и пренос.
Да не заборавиме дека кога има сноп на зрак тоа значи 1 кога нема значи 0 значи имаме бинарен пренос.

optika3.jpg
 
За кај нас во МК, ако сакам да ставам оптика во должина од 1км, каде треба да се обратам за цени и услови, кои дозволи се потребни, итд....??
 
Од комуникациска гледна точка, не треба никаква дозвола. Освен ако не го даваш на користење на повеќе корисници тогаш не ти треба дозвола туку само нотификација (информација) до агенцијата за ел. комуникации дека ќе вршиш комуникациска дејност.


А од други дозволи, потребни се градежни (пр. за бандери, канали) - повеќето се добиваат од општината и од подрачното министерство за транспорт и врски (урбанизам) и катастар, како да градиш било што друго, и не е скапо.
 
yin yang, скапо е. Еден км оптички кабел ке го кошта околу 2000евра, а нема да постигне ништо со тоа, освен ако нејке локална мрежа, која немора да се прави со оптика, туку може со гигабитен лан. Нека си размисли убаво, Gorco иф ју нид мор информејшн ПМ ми
 
Јас му пишував за цена на дозволи-дрн-дрн, мислев тоа прашуваше, а не за цена на кабелот.
 
Јас сватив што сакаш ти да му кажеш, ама...пак, кажуваш дека не е скапо, а уствари е. Додуша не знам колку е цена во катастер, ама мора да е многу
 
Ако некој има пари да купи оптички кабел и да прави таков бизнис, не мислам дека дозволите ќе му бидат проблем.
 
Еден км оптички кабел ке го кошта околу 2000евра
Тоа е самата цена на кабелот кај нас, или тука спаѓа терминирање и поврзување на двата краја т.е. цела услуга? (сумата за дозволи и самото копање не ја ставам во овие 2000 евра)
која немора да се прави со оптика, туку може со гигабитен лан
Треба да се поврзат две локации, рута за копање има (дозвола се уште не) и проаѓа покрај станбена населба. Било кој вид на wireless поврзување не врши работа. Соу,...

Како мислиш да му го продолжиш "животот" на сигналот после секои 100 метри?.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom