(Општо) ваше резиме за годинава што минува, како и идеи, цели за следната

  • Креатор на темата Креатор на темата Saladin
  • Време на започнување Време на започнување
Како студентка, добра бев, ма повеќе од добра. Како ќерка сум одлична, со моменти на илуминација од страна на моите дека понекогаш се сомневаат дека ме смениле во болница. Како пријателка сум совршена, ретко потфрлувам на тоа поле. Како девојка, ммм, многу лоша. Како потенцијален партнер, ммм, уште полоша. Како бивша, боље да ме немаш.
Во секој случај многу готвев, учев, се дружев и пиев и беше прекрасно.
Во 2012 све поново, само уште да се решев да не фрлам ѓубре во емотивната јас кога влегувам во врска со некој. Тоа ќе си посакам. Се друго може да остане идентично.
 
Лоша,многу лоша.Знам дека 2012 ќе биде подобра бидејќи ги научив грешките и сега ми е многу криво што оваа година помина така како што помина.:(
 
2011 - не беше лоша, туку обична.
Семејство - сите добри, живи, здрави со плус еден член, а летово се надеваме на уште еден. :)
Факултет - одлично, со 3 година исчистена на време и полека, но сигурно се движам накај дипломирање, па и запишување на пост-дипломски .
Здравје - стандард - слабокрвност, повремена тахикардија, лоша циркулација на крвта, напади на паника - ова е ново, во глобала, се е ок.
Уживање - патување во САД на гости и поминато квалитетно време со роднините таму, најмногу со внучињата; прочитани многу книги, изгледани многу филмови, уживање во добра храна, помагање со домашни работи на внучињата и слични убави работи.
Љубов - што беше тоа? Шала на страна, ама оваа година беше период на рехабилитација, следнава се надевам дека конечно се ќе биде ок.
2012 - се надевам на дипломирање, многу успешно завршени преводи, некое патување во САД или па во Мексико и пред се се надевам дека оваа година ќе го средам проблемот со слабокрвноста.
 
2011 - срање, бљувотина .. пролив година .. углавном тиња ..
:гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце: 12 лајна за минатите 12 месеца..
 
Направив две многу битни работи оваа година. Ги оставив цигарите и си купив кола. Имаше пуно срања, али генерално не беше лоша. Најискрено, само моето и здравјето на моите најблиски ми е битно. Целите што си ги поставив лани, за 2011, воглавном ги исполнив. Муабетот ми е дека желбите НЕ треба да ви бидат насочени само кон нешто што е материјално, па што и да е. Тоа со памет ќе го створите. Здравјето и среќата се најбитните работи.

Исто така фино е коа ќе ја поделите на квартали годината и си замислите некоја цел и се обидувате да ја постигнете. Да кажеме, во првите 3 месеци да ослабете некое кило или евентуално да посетите некое место. Мене овој начин на размислување ми е добитна комбинација. И желбите се остваруваат. :) Е сеа човек треба да е и реален, не да посакаш Ферари или да посакаш да те засака девојка која има 10 годишна врска магично преку ноќ да и станеш најголема љубов. На овој начин само би се издепримирал човек, пошо најчесто, јебига, не идат така работите.
 
Добро помина.Постигнувам сега засега со работа и со факултет.На полето на пријателството и немам проблеми со пријателството, со секого се спријателувам тоа не ми е некој посебен проблем.Се додека тоа пријателство се заснова на искреност и чесност.Како и во другите години, така и во оваа имаше моменти кога сакаа некои луѓе да ме турнат во бездна но не успеаа, а и да ме турнеа пак знам да се кренам зошто поентата на животот не е да останеш на врвот, туку да знаеш како кога ќе паднеш да се кренеш повторно.
Во новата 2012 год. немам некои посебни желби, само сакам енергија и здравје да имам, за да продолжам самиот да си ги остварувам желбите кои со сигурност нема да ми ги исполни Дедо Мраз.
 
Најлошата година во мојот живот, не се надевам дека 2012 ќе ми се смени нешто, мала надеж но со оглед на се тоа што се случува во државава ме дополнително мотивира да заминам од тука..
 
2011 - солиден почеток , љубовта на место , пријателите здравје итн. лош крај..многу лош..љубовта катастрофа пријателите ги нема нигде , здравје за нигде..кола ме удри ебате среќата:tapp:
 
2011 - солиден почеток , љубовта на место , пријателите здравје итн. лош крај..многу лош..љубовта катастрофа пријателите ги нема нигде , здравје за нигде..кола ме удри ебате среќата:tapp:

пуу несреќа да му ебам.. повеќе среќа во 2012 (y)
 
tumblr_lltzgnHi5F1qzib3wo1_400.jpg


Not bad. Ама можеше да биде подобра. Се надевам дека 2012 ке биде супер.
 
Во 2011 си го за*бав желудникот... киселини, глупости :D
Иначе, не беше година за фрлање. Имаше глупости, имаше убај работи, се отарасив од некој љуѓе и си кулирам сега.
И се заљубив xD хахаха
И да... се навикнав на дебилниот клас и видов дек не е толку дебилен ко шо мислев :D
Во 2012 очекувам да се сталожам малце, демек поозбилна да сум, ама ко шо е тргнато се’ појќе и појќе ко дете се понашам.
Во 2012 сакам да ослабам 5 кила. И ќе почнам на факс... :S

То отприлика. :*
 
Солидна година :)
На факултет продолжувам да газам, три години завршени во точно време, и прв семестар од четврта зачинет со 3 десетки, и сите положени предмети :)
На моменти се гордеам со себеси :D
А сигурен сум дека и моите се гордеат со мене :)
Имам одлични односи со сите, немав некои поголеми инциденти оваа година, никој не ме мрзи и така...:)
Најтежок удар можеби доживеав на љубовно поле.
Сеуште сум со истата личност како и во претјодниве 2 години, но имаше момент во кој многу ме разочара, по што се чуствував најодвратно на цел свет. Но брзо си ги решив работите во мозокот и не дозволив тој период да ми ја уништи годината.
Имав најдобар летен одмор, и секако најубав крај на летото со успесите на кошаркарите.
Нема да згрешам ако речам дека не паметам друг момент кога сум се радувал толку како после тројката на Илиевски и победата над Литванија.
Бев избезумен од среќа, незнаев ни сам што правам со себеси :D
Годината уште поубава ми ја направија Вардарци. Од тим кој требаше да отпадне, сега сме на прагот да ја освоиме првата титула по десет години.
Прекрасни моменти поминати на сите гостувања и домашни утакмици на Вардар, како дел од Комити :)
Годинава научив дека фармерки не треба да купувам во лето.
Затоа сега ќе ми експлодира стомаков, и ќе ми прсне џемперов. Ќе ја паметам и по тоа што прв пат купив и носам џемпер :D
На крај, со песнава ќе ја заокружам оваа добра година.
И ја посветувам на приновата во моето семејство :D
На моето второ маче Султана, покрај веќе стариот Мемо :D
 
Читајќи ги мислењава, заклучив дека или членовите ја имаат дефинирано како лоша, или како добра година.Нема измеѓу.
Оваа година јас би ја сместила во средина, розева но на периоди и сива.
Да почнеме од негативното: Сива затоа што уште на почетокот на годината имаше забушавање и на студентски и на љубовен па и на семеен план.Но не ги обвинувам другите, лошо ги претставував моите желби и барања.Потоа следеа навраќања во мислите на минатото, тага по истото.Тешки моменти во кои не си ги препознав "пријателите" и "колегите" тогаш кога ми беа најпотребни.Борба со најтешкиот предмет на факс, трпење на фрустрациите и комплексите на сите околу мене, професори, колеги, другите пријатели па и од мојата фамилија.Многу нервози за ситуацијата која ја снајде мајка ми, уште повеќе плачење и корнење коса за дешавките потоа.Неколку пропаднати остварувања на целите кои си ги поставив, претерано многу алкохол што не е карактеристично за мене заедно со многу испуштени цигари на нервна база, болно удирање по глава дека конечно нешто треба да се смени.
Како позитивно од оваа година, дефинитивно на прво место ќе го ставам роденденот со моите најблиски.Таа исполнетост на душата ретко кога ја чуствувам, па затоа секогаш кога се навраќам на таа ситуација воздивнувам и се насмевнувам.Потоа следи *нанекојсиначин*работењето, или ај повеќе активноста, од која многу научив за повеќе полиња во животот, работи кои требаше одамна да ги знам=].Летниот одмор и лудите дешавки иако на моменти нервозни за кои никогаш нема да зажалам и случувањата потоа, кога застанав цврсто зад мојот став и не размислував ниту за последиците, ниту за придобивките.Обновувања на стари пријателства и зацврстување на постоечките.И конечно, можеби еден од моите најсветли периоди во текот на моето постоење, преобразувањето придружено од одлуки за кои не жалам, и постапки кои кога би имала шанса, пак би ги направила на сосема истиот начин.
Изгубив многу, но и научив уште повеќе.Сепак, човек учи додека е жив, а за жал нема подобар начин од оној кога правиш милион грешки, за потоа да останеш сам меѓу 4 sида и да се просветлиш.Иако сите околу тебе тоа сто пати ти го збореле, и ти го навестувале со нивното однесување, не е тоа тоа додека не седнеш сам за да размислиш до каде си, какво ѓубре си станал и да заклучиш дека тоа така веќе не иде и дека треба да се сконцетрираш на она што сакаш да постанеш, што е многу поразлично и подалеку од она што си.
Се гордеам со фактот дека сум подобра личност а уште повеќе се радувам кога таа потврда ми ја даваат оние со кои го поминувам времето секојдневно.Се додека со ова однесување успевам да ги задржам покрај мене оние кои ми значат, знам дека имам огромна мотивација да продолжам да бидам ваква каква што сум сега, па дај боже и да се надградувам понатака во иднина во зависност од тоа што ќе ми донесат годините што идат :)
 
Значи најопшт опис како ви помина годинава, ваши цели кои (не) сте ги исполниле, пропратени со разочарувања, успеси, негирања, како и идеи кои ги имате зацртано за годината што доаѓа.

Од 2011та генерално сум задоволна, посебно од некои големи одлуки што ги донесов, во стил ставање крај на работи што не одеа долго време. На професионален план мислам дека можев и подобро, иако извадив релативно добар просек минатата година, знам дека не го дадов мојот максимум. Не сум задоволна од тоа што многу време поминав во безделничење, иако пред летото си ветував дека кога ќе бидам слободна ќе правам се што не можам додека имам обврски со факултетот... И не знам дали жештината или која беше причината, сепак многу малку од тие работи направив. Научив да плетам пеперутки и цветчиња :) Запознав нови луѓе, супер друштво, меѓу кои се осеќам одлично.

Во 2012 се надевам дека ќе бидам подисицплинирана при извршување на задачите што ќе си ги поставам сега, на почетокот. Сакам годинава цело слободно време да го потрошам на читање книги, и други корисни работи по форуми или веб портали... Сакам конечно да почнам да изработувам накит, за што толку време се токмам... Сакам повеќе да се посветам на факултетот, во смисла да бидам позадоволна од своето знаење што ќе го стекнам годинава. Да не оставам испити, се да исчистам на време... Се надевам со добар просек. Се надевам дека ќе уживам во врската која штотуку ја започнав, дека ќе наидам на разбирање и љубов (обострано) и дека нема да ми треба уште многу време во живо да се опуштам пред партнерот. :) Сакам да бидам креативна годинава, да направам нови работи, да излегувам, да се дружам со луѓе, да си ги срушам рекордите на интензитет на чувствување среќа кои до сега сум ги постигнала. Сакам да ги задржам старите пријателства и да основам нови, да најдам уште многу убави песни, да имам инспирација за пишување. Сакам да бидам попродуктивна, и помалку мрзелива. Сакам да научам да плетам и посериозни работи :) Сакам да си ја подобрам општата култура и да научам нови работи кои до сега не ме интересирале. Се надевам дека ќе си докажам на себеси дека сум научила нешто од минатите грешки и во иднина нема да ги повторувам. Се надевам на подобра година од минатата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom