Далеку од то дека сакам да те убедвам во нешто, но имам еден куп нарачки напраено од саглам онлај продавници и тврдам дека без разлика на цената шо ја пишит на пакетот чак и големината понекогаш, се случвит голем дел од пратките да поминат без апсолутно никакви давачки. Не зборвам од инает и не сакам ништо да наметнам, но за добар дел од пратките кои ми стигнале не сум платил ништо а цената ја надминувала пропишаната норма. Но има и такви за кои сум платил се ко шо си треба по пропишаниот законски правилник.
Шо значит реков и пак ќе речам, све е кашапопара на царнина и со мкд пошти, владеjт хаос, не се ажурни редовно, не се професионални и крај краева чоро и сакато со партиски книшки е испопикано на работа.
Незнам колку си запознаен, но пратките кои се назначени како подарок/гифт мораат да имаат цена/вредност шо значит истите ако ја надминуваат цената над 45евра ќе си платиш царина+ддв, а ако се од 22евра до 45евра ќе си платиш само ддв. (Значит ова ти е законски пропишано. Дали ќе платиш ти пишав горе од кого зависит најпоќе). Тие Кинезите и останатите продавачи со договор ќе ти стават ниска цена од 5-10-15-20тина долари/евра/фунти и така ради реда поминуваат пратките. Но доколку царинската управа сметат дека е недоволно и сумљиво нешто, тогаш ќе те контактираат и ќе побараат од тебе да им доставиш извод од банка, фактура или сметка од онлајн продавницата, детален извод од ПејПал или со еден збор документ за вредност на пратката

Доколку не се одоговори на истото во рок од 10 дена, пратката или ќе биде запленета (ќе заврши најверојатно кај некој вработен) или ќе биде пратена назад кај испраќачот. Секакви трикови прикривање, фотошоп и останато доколу те сетат тогаш си предмет на царинска измама и тогаш се одговара кривично.
Ко шо спомна Зоц да имаат опција и ДХЛ, стандард им е РојалМеил 7 евра поштарина доколку е под 100 евра пакетот, доколку е над 100 евра е бесплатна пошарината.
Комплетно сме со муабетов офф топик, доколку те навредив со нешто тогаш проштевај, доколку модераторите го сметаат мислењето за невалидно тогаш нека го бришат.