Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Во работилница имаше доволно избор. Сите што ги имаше во хамачи ги имаше и таму. Само Ikon ја немаше. Maxxis се maxxis што има врска дали хамачи или било кое место. Јас одбирам на кого ќе ги дадам парите, цените се исти.

Тогаш јас грешно сум разбрал или во меѓувреме им стигнала нова пратка. Благодарам за корекцијата, ќе проверам утре.
Што се однесува до Хамачи, немам ништо против нив ама ми делуваа некако неупатено. Сепак не е продавница специјализирана за велосипеди, а и не можам да го видам производот пред да го купам. Гумите не се толку едноставна работа и сите гуми не се исти.

Какви MTB надворешни гуми за 26-ка би препорачале?
Бараш бренд како препорака или шара? По каков терен возиш, road, offroad или комбинирано?

И јас би ти ги поставил истите прашања. Не знам каков велосипед имаш, ама изборот на гумите зависи и од стилот на возење ( XC, Enduro, Downhill).
Ако ти е за road, барај semi-slick варијанта. Би требало да најдеш некоја Rubena или Kenda по прифатлива цена. За поскапите и поквалитетни варијанти, не сум многу упатен.
За off-road и комбинирано возење јас би земал нешто како Maxxis Ardent. Ако буџетот не ти дозволува, тогаш би одел на поевтината варијанта - Kenda Kadre, околу 590 денари по гума.
На крај, изборот на гумите е нешто индивидуално, а не апсолутно, ова се само мои предлози.
 
Во работилница имаше доволно избор. Сите што ги имаше во хамачи ги имаше и таму. Само Ikon ја немаше. Maxxis се maxxis што има врска дали хамачи или било кое место. Јас одбирам на кого ќе ги дадам парите, цените се исти.[DOUBLEPOST=1440967135][/DOUBLEPOST]
чекај не е ова хамачи на аголот на железничка односно на аголот на патот за државна болница.НЕли тие беа Хамачи или грешка сум.
 
Бараш бренд како препорака или шара? По каков терен возиш, road, offroad или комбинирано?
Барам бренд како препорака, нешто што сите го фалат дека се покажало како добро. Возам комбинирано инаку :)
 
Какви MTB надворешни гуми за 26-ка би препорачале?
Ако сакаш квалитет, екстра грип, само Maxxis или Schwalbe. Ништо друго. Исто и WTB се топ гуми, би ти ги препорачал, но се со посолени цени.
 
Последно уредено:
Може некој да ми каже нешто повеќе за таа течноста што се става во гума, прв пат слушам за такво нешто :)
 
Ако сакаш квалитет, екстра грип, само Maxxis или Schwalbe. Ништо друго. Исто и WTB се топ гуми, би ти ги препорачал, но се со посолени цени.

Oва прешкртаново немој никако.Maxxis или Кенда од поквалитетните би препорачал,но се разбира максис пред било што друго
 
Зошто никако Швалбе? Швалбе се светлосни години над кенда. :)
 
Oва прешкртаново немој никако.Maxxis или Кенда од поквалитетните би препорачал,но се разбира максис пред било што друго
Зошто така мислиш ?? Баш ме интересира. Сум возел Schwalbe порано и сум бил презадоволен. Сега возам Maxxis и исто така сум презадоволен.
 
Барам бренд како препорака, нешто што сите го фалат дека се покажало како добро. Возам комбинирано инаку :)

Покрај брендовите што ги спомнаа членовите над мене, јас би ги додал Continental и Specialized, чисто да опфатиме скоро се од понудата кај нас.

Oва прешкртаново немој никако.Maxxis или Кенда од поквалитетните би препорачал,но се разбира максис пред било што друго

Kenda гуми кај нас мислам дека носат само во Бајкмаркет и тоа буџет варијанти, ништо посебно. Што се однесува до Schwalbe, во најмала рака, тие се рамо до рамо со било кој произведувач на гуми за велосипеди на пазарот.
 
Покрај брендовите што ги спомнаа членовите над мене, јас би ги додал Continental и Specialized, чисто да опфатиме скоро се од понудата кај нас.
Јас пак ги возев Continental X-king 2.2 и веднаш ги извадив, катастрофален грип на офроуд патеки. Највеќе се имам извадено од памет од нив. Никогаш повеќе.
За Specialized од изборот кај нас, само The Captain, топ гума, испробана, дури и се мислам после Maxxis-от да се вратам на нив, пак.
 
Мислам дека Continental X-King е просечна гума, а слушнав и дека лесно се дупнува. Уште еден проблем кај сите Continental гуми е тоа што се со потесен профил од дадените спецификации. 2.4 верзијата е широка негде околу 2.2. За 2.2 верзијата не би ме чудело да е потесна и од 2.1.
Инаку, Continental има и гуми со Black Chili соединение, кое наводно би требало да овозможува подобар „грип“, само не знам дали ги има кај нас.
Specialized The Captain е добра гума, само е со потесен профил (2.0 и 2.2). Како задна гума би била одлична опција. Што се однесува до предна, јас би одел на Specialized Butcher Control, уште една одлична гума од Specialized.

Еве една слика од солунска глава. Инаку турата идеше Скопје>планинарски дом караџица (спиење)>Солунска глава>планинарски дом Чеплес (спиење)>Богомила>Велес>Скопје. Кој се чувствува спремен нека ја извози нема да зажали :D
Прегледај го приврзокот 127714

Добра тура. Колку е вкупната километража?
Дали велосипедот на сликата е Ram AM.One?
 
Последно уредено:
Мислам дека Continental X-King е просечна гума, а слушнав и дека лесно се дупнува. Уште еден проблем кај сите Continental гуми е тоа што се со потесен профил од дадените спецификации. 2.4 верзијата е широка негде околу 2.2. За 2.2 верзијата не би ме чудело да е потесна и од 2.1.
Инаку, Continental има и гуми со Black Chili соединение, кое наводно би требало да овозможува подобар „грип“, само не знам дали ги има кај нас.
Specialized The Captain е добра гума, само е со потесен профил (2.0 и 2.2). Како задна гума би била одлична опција. Што се однесува до предна, јас би одел на Specialized Butcher Control, уште една одлична гума од Specialized.
Зависно од ширината на бандажот, кај мене X king 2.2 изгледаа нормално, но имам поширок бандаж од стандардно. Инаку Butcher повеќе ти и е DH/Trail гума со доста изразени крампони, ако возиш XC немаш потреба од толкави "трупови".
 
Не сум голем фан на XC, повеќе преферирам Trail. Specialized Butcher има две верзии, DH и АМ. АМ верзијата е широка 2.3 инчи, што и не е толку многу, дури и по XC стандарди.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom