Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Еве ја мојата тура од завчера ( 20.10.2012 - Сабота )

сега пишувам бидејќи немав време вчера бев на велешко езеро

Еве линк кој сака да ја види рутата http://www.bikemap.net/route/1885507

Целата тура беше околу 57 км.

Максимална брзина 54 км.
Време на возење на целата тура беше некаде околу 4 часа и 17 мин.




Еве од каде почнав и каде завршив:
  1. Ново лисиче
  2. Аеродром
  3. Три бисери
  4. Транспортен центар
  5. Кисела вода
  6. Пржино
  7. Паркинг Водно
  8. Средно водно
  9. Крст водно
  10. По истата патека и јас возев која е на видеово :)
  11. Средно водно
  12. Трим патека
  13. Лути дол
  14. Паркинг водно
  15. Клинички центар
  16. Геге
  17. Порта влае
  18. Влае
  19. Ѓорче петров 1
  20. Ѓорче петров 2
  21. Карпош 4
  22. Карпош 3
  23. Карпош 2
  24. Карпош 1
  25. Центар
  26. Кисела вода
  27. Усје
  28. Ново лисиче
Инаку напомена без кацига и со мазни гуми никако да не се обидувате да возите на патека која е како на видеото :) бидејќи јас го извлеков подебелиот крај кога возев паднав поради тоа што имав неприлагодена брзина и при кочење се излизгав и паднав од страна на козјите патеки т.е на истата патека како што е на видеото. Ако не сакате да паднете и да имате лице со гребаници големи послушајте :D
 
Гумите ме изневериа дефинитивно :confused: Ептен лизгаат како на мраз да возам да имав кацига немаше да ми биде главата деформисана (n) За друг пат памет како и да е :)
А што очекуваш од гуми за асфалт? Среди си таму гумите и купи си кацига па после offroad вози.
 
Следната недела конечно одам во Скопје за купување на нови гуми.Давам до 900 денарi за една,а до таа цена око ми фатија Kenda Navegal,Kenda Klaw,Michelin Country Dry и Schwalbe black jack.Незнам за која од овие да се одлучам па би сакал совети и предлози.
 
Од овие што ги спомена би одел со Kenda Nevegal. Но помини низ сите продавници има Maxxis, Continental, Geax.......се малку поскапи за 200-300ден од парче но се далеку подобри од горенабројаните.
 
Јас од искуство би ти ги препорачач гумите од Maxxis или Specialized, одличен квалитет. Сега возам Continental и не сум задоволен како од горенаведените, посебно од грипот кога возам offroad, огромна разлика. :)
 
Светскиот патник на велосипед ја одложи турата низ Африка


За срамота до сите гиганти во Македонија како пиварници, телефонски оператори и останати кои имаат профити од неколку милиони што не одвојуваат бедна сума за човеков да ја направи турата.
Уште поголем е неговиот успех кога се знае дека вози со протеза, па да му ебеам матер дај му на човекот еден дрес со реклама како Скопско, Даб, ВИП, Уан, Макстил и рекламирај се низ цела Африка за 1000 евра.
Една мочана реклама на Сител е повеќе од тоа ебаве самодекларирани Пи Ар шупци.
По ова ќе видеме дека нашата велосипедска култура е далеку зад западните, односно цела држава. Кај нас натпревар во колење свињи или пак мис Есенска Убавица во Миравци може да привлече спонзори. :mad:
 
АКЦИЈА!!! НЕ ПРОПУШТАЈТЕ!!!
Од 20 Октомври до 20 ноември сите што ќе го донесат велосипедот на реставрација или репарирање добиваат 20% попуст. контакт тел 075521454
 
Прв пат гледам ваков велосипед(y)
Предобра идеја - иако е од Америка

34.jpg
 
Од овие што ги спомена би одел со Kenda Nevegal. Но помини низ сите продавници има Maxxis, Continental, Geax.......се малку поскапи за 200-300ден од парче но се далеку подобри од горенабројаните.
Може да ми предложиш некој модел од горенаведените само да е до 1200 денари.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom