Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Може повеќе информации?
Може како не може :)
На ден 16.09.2012 (недела) ВЕЛОСИПЕДСКИ КЛУБ СОЛАРИС-СТРУГА ве поканува на првиот рекреативен маратон во планински велосипедизам на релација СТРУГА-ВЕВЧАНИ-ВИШНИ-ТРИШИЛКА-МАЛИ ВЛАЈ-ЌАФАСАН-СТРУГА. Теренот е комбинација од асфалт и OFF ROAD предели. Од Струга до Вевчани се вози по асфалтиран пат кој понатаму од месноста Јанков камен продолжува во тесен планински пат се до с.Горна Белица(BELLA DI SUPRA). Потоа следи добар OFF ROAD спуст до манастирот Св.Климент(5км) па враќање в
о с.Горна Белица, следи спуст по асфалтен пат до с.Вишни (на ова место велосипедистите кои не се доволно спремни да се искачат до караулата Тришилка се спуштаат во Струга со придружба на организаторите) Од с.Вишни до караула Тришилка се качуваме на 1600 н.в по планински пат по што следи спуст од 15тина километри до граничниот премин Ќафасан и последните 12км спуст до Струга. На целта организирано е дружење,храна,пијалок,ди џеј и музичка група.
Воедно во соработка со О.О. Црвен Крст - Струга организирана е и хуманитарна акција за дарување на крв под мотото
АВТОМОБОЛИТЕ БАРААТ КРВ ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ ЈА ДАРУВААТ

НАПОМЕНА - Турата сама по себе е посебна бидејќи на делови се вози по стариот римски пат VIA IGNACIJA покрај манастирот изграден лично од св.Климент, покрај римски гробови, а целата тура изобилува со прекрасна природа и извонредни пејсажи на Охридското езеро и планината Јабланица.
Секој велосипедист е должен да има исправен велосипед и заштитна опрема(кацига) иако се обезбедени пунктови и возила техничка и прва помош.
СЕКОЈ ВЕЛОСИПЕДИСТ ВОЗИ НА СОПСТВЕНА ОДГОВОРНОС.
Телефонски броеви на кои можете да го пријавите вашето учество се 078/241-418 Коста и 070/752-700 Роберт.
Евентот на ФБ
А и населба Ѓорче петров на истата дата прават маратон еве линк мада Струга ми е број 1 нема споредба
 
Може како не може :)

Евентот на ФБ
А и населба Ѓорче петров на истата дата прават маратон еве линк мада Струга ми е број 1 нема споредба

Некако осеќам дека во Струга ќе биде банда без команда.....Во Кучково од друга страна ќе биде малку поорганизирано....но како и да е ќе врне викендов така да.....it will be muddy where ever you go
 
Некако осеќам дека во Струга ќе биде банда без команда.....Во Кучково од друга страна ќе биде малку поорганизирано....но како и да е ќе врне викендов така да.....it will be muddy where ever you go
Не верувам дека ке биде до толку лошо во Струга како и да е по атрактивна тура е. Само времево ќе ги ебе рботите сеа видов :facepalm:.
 
Све ок тоа ама ќе морам да го носам на мајстор да ми го извади ланецот зошто неам алат ја за вадење ланец :confused:
Пет пари ти е алтчето за вадење ланец а може и без него да се извади мада не препорачувам така :sneaky:
 
Све ок тоа ама ќе морам да го носам на мајстор да ми го извади ланецот зошто неам алат ја за вадење ланец :confused:
најбоље купи си вакво и ич не се секирај, го има по дуќаниве што се по опремени
SRAM-Chain-PowerLock-Link-10-Spees-Black.jpg
 
B_O_K_I Да не одиш на оваа трка во ѓорче или во оваа струга? :)

--- надополнето: 12 септември 2012 во 18:47 ---
Ќе ве замолам ако некој знае во блиска иднина маратони кои се одржуваат во Скопје или пак низ Македонија. или пак трки.

И ако може некој да напише што бараат за да можеш да учествуваш на мартон.
 
Ако си за во сабота кажи тука сум :D и онака јас во сабота ќе одам :sneaky:
Не си ја испробувајте среќата на Водно после пожарот кој се случи вчера попладне. Слушам од денес го зголемиле обезбедувањето, да не ви стегнат некоја казна. Најпаметно е да побарате дозвола за движење од град Скопје. Инаку казните достигнуваат до 1800 ЕУР, а забраната за движење е до крај на месецов. :)





Сликите не се мои, ги најдов на нет. :)
 
Бидејќи планирам да го заменам точакот, инаку кинески Max, купен пред само година дена, со кој се изнамачив, менувајќи доста работи и константно нешто не чинеше, а и собрав пари за нов, да ве прашам што мислите за овој точак, на кој има попуст во Проспорт: http://www.pro-sport.com.mk/Default.aspx?id=aa341381-0cc9-425a-bdaa-0ef4b2130b52

Инаку ќе го возам само на Кеј или за низ град, па што викате, вреди за парите, бидејќи не се разбирам толку во делови.
 
Ви го претставуваме новиот кастм велосипед од Dragon Custom. Се работи за велосипед повеќе од 50 години стар кој е реставриран, а потоа кастимизиран. За сите оние кои што не успееа да го видат на Skopje Design Week. Велосипедот е работен по желба на клиент.100_3964.jpgfantazy1.jpgfantazy2.jpgpredpotoafantazy.jpg100_3702.jpg100_3731.jpg100_3960.jpg
 
Јас затоворив сезон предвремено.. за жал. Една стара повреда на ногата се врати во саботата кога се качував на Пантелејмон. Рекоа 4 недели никаква активност со ногата.. иначе тешко мене ќе било. Вчера се праев фраер и отидов од дома до центар.. Сабајле ногата пак ми е модра е едвај може да застанам на неа... ЈБГ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom