Expedition 33 не се ни мисли, заслужено goty, мене ми е во топ 5 игри воопшто. Музика, приказна, глума, гејмплеј, абе игра со душа. Turn based, но кога си во елемент и со тактика е како real time тепање. Јас ја бинџнав експресно, глава не кренав, сега гледам жена ми ја привршува, на крај е. Најмногу наградуваната игра на game awards, замисли дури повеќе од the GOAT Elden, a плус и комјумитито ја прејзаше и ја поддржуваше бидејќи навистина беше освежување, и тоа во прилично квалитетна година за видео игри.
Elden DLC, пишав за ова дека мене ми се виде како продолжение, како втор дел. Многу контент, босови и финиширање на приказната. Како за омилена игра воопшто, јасно дека ќе трубам дека исто мораш. Двете според мене се must. Ако мора нешто прво, би ти рекол DLC-то бидејќи како што поминува време од оригиналот, се помалку ќе ти се игра тоа и ќе стигна на ред кога цела некогаш ќе ја преигруваш. За мене беше црешата на шлагот. Ми ја зацементира како најдобрата игра во мојот живот.
Ghost купи ја кога стварно ќе ја играш, а до тогаш ќе падне и на цена обичната верзија. Не мислам дека треба да се зема предвид со оние погоре воопшто. Јас не ја ни паметам веќе, Јотеи или како и да е не ја ни играв бидејќи изгледаше како истата игра која не нуди повеќе од првата. Кеш граб ми стоeше и ќе беше океј ако не објавија дека само на тоа ќе работат и после Јотеи. Не фала од мене.
Или на крај може да ја купиш за 10тина денови Crimson Desert која нема да е full price на излегување ако не се лажам 50-60 ќе биде и ќе ја играш кога цел свет ќе ја игра, а другиве да ги фатиш на летни попусти. Јас ништо не сум почнал поради нејзе. Изгледа перверзија, 100 игри во една.