Општа летаргија и индолентност

  • Креатор на темата Креатор на темата lazar31
  • Време на започнување Време на започнување
Кај што спомна социјализам да додадам дека причината за летаргијата е можеби тоа што социјализмот се покажа како слаб систем, а еве го гледаме и капитализмот како пополека откажува. Сите мислеа дека со воведување на капитализам се постигнува напредок, но еве по 2 децении некаов си капитализам и транзиција нема значајни подобрувања. Трета опција засега не е измислена. И доаѓаш до заклучок дека нема за што да се бориш. Подобро да си остане се како што е и да си чекаме случајно нешто ако се подобри.

Ова не е капитализам ова е ОЛИГАРХИЈА.Богатите ја користат државата да ја срушат конкуренцијата преку закони и регулации.

По мене проблемот излегува од фактот дека се направи некаква демонизација на насоката политичар и во моментов има многу луѓе кои се разбираат и сакаат да помогнат али не сакаат да бидат "политичари" притоа јадејќи се во себеси поради сите работи кои се прават погрешно.

Еве сега да се рече на пример ајде сите кои навистина се обединети околу некој идеал ( на форумов само не пошироко ) да се соберат и да зборат па можеби и да направат некаква организација во иднина никој нема да дојде или ќе дојдат 2-3ца и ќе остане на еднаш.

Едноставно никој неќе да ги стави рацете во гомна а секој ден се јаде во себе зошто гомната му се до гуша веќе.
 
Ова не е капитализам ова е ОЛИГАРХИЈА.Богатите ја користат државата да ја срушат конкуренцијата преку закони и регулации.
Не е олигархија туку е еден вид на капитализам што се вика crony capitalism.
http://en.wikipedia.org/wiki/Crony_capitalism
И тоа е најнеуспешниот и најнеефективниот тип на капиталистичко уредување.
 
Не е олигархија туку е еден вид на капитализам што се вика crony capitalism.
http://en.wikipedia.org/wiki/Crony_capitalism
И тоа е најнеуспешниот и најнеефективниот тип на капиталистичко уредување.

На Македонски мислам дека нема збор за тоа а Олигархија како збор е доволно близок
 
Кај што спомна социјализам да додадам дека причината за летаргијата е можеби тоа што социјализмот се покажа како слаб систем, а еве го гледаме и капитализмот како пополека откажува. Сите мислеа дека со воведување на капитализам се постигнува напредок, но еве по 2 децении некаков си капитализам и транзиција нема значајни подобрувања. Трета опција засега не е измислена. И доаѓаш до заклучок дека нема за што да се бориш. Подобро да си остане се како што е и да си чекаме случајно нешто ако се подобри.

Токму тоа и јас го мислам, браво .............. претходниот систем во кој живеевме пола век се покажа како неидеален и тотално крахираше ............ две децении пак сме независна држава и сме во некаков транзит кон Капитализам, ама некако работите не одат баш под конец ......... делумно игра улога и самиот менталитет на народот(Балканче), а делумно игра улога и неспособноста на политичките елити кои не водат од ’91 па навака(на сите мислам) ......... така да ситуацијата е статус-кво ...... светла точка на крајот од тунелот сега за сега не се гледа .......... барем да постои некаква трета алтернативна опција како политичка, така и системска ама ЈОК и затоа народот е апатичен и депресивен ........ некои луѓе се борат да преживаат т.е. се борат за гол живот, но дури и лицата кои работат и нормално/солидно заработуваат и на нив не им гледам некакво особено задоволство на лицата ...... целокупниот народ во глобала е зафатен од депресија и апатија ........... еве јас сум млад човек 26 год. и сум честопати депресивен и апатичен и за ништо незаинтересиран, не гледам излез, не гледам опција ..... се е веќе стопати видено, кажано, чуено ........ нема фајде !
П.С. Приметувам во последнава деценија дека народов наш тотално оглупавува и се повеќе се бави со непродуктивни и неважни работи ...... наместо луѓето меѓусебе да се натпреваруваат со просперитетни и паметни работи, да се натпреваруваат со труд, наука, иновации, идеи и сл. нашиов народец(особено помладите генерации) главно ’’упориште‘‘ им се кафичите, дискотеките и сл. и главни малограѓански, озборувачки и рекла-казала трач-муабети им се кој со која/која со кој се скинале, каде се скинале, што возел типот, како била облечена типката, каква фрузура имала, од каде била, која била таа, кој бил тој, кој каде бил на одмор, кој што и колку испил вчера, кој какви кондури си купил, кој каков мобилен си купил, панталоните од кој бутик му биле и.т.н. .... се идиотштина до идиотштина !
Но и повозрасните генерации не се нешто бољи од помладите(секоја чест на исклучоците), сепак нели крушката под крушка си паѓа ....... тури му пепел на еден народ на кој врвно достигнување му е некој комшија, роднина, пријател или колега да прави свадба, слава, роденден, матура и сл. и да му се бапне и да мавне некоја гајба скопско и после пет дена муабети да се вадат за тоа ............. многу јаката работа и баба ми го може тоа, но дали со таквиот менталитет и размислувања реално можеме да одиме напред кон просперитет, неверувам !
 
Човек кој нема нешто за кое би го дал животот, не живее; тој само постои.
Сѐ поизвесно станува дека сме неспособни самостојни.
Во место каде што се градело 45-90, ние 20 години не само што не можеме да споредиме за (било кои) 20 години од тое време,
туку не можеме ни да го задржиме тоа што го имаме.
Тука е вклучено сѐ. Ова е поразителен податок, факт.
Нешто кое може да се докаже многу лесно, ако некој неинформиран има потреба од тоа.

Раздели, па владеј, е концепт кој делува со милениуми, значи дава резултати. Неуспех е (само?) на системот ако можат да го разделат.
Да забележиме дека виден напредок нужно повлекува нечие уназадување (став на рамнотежа).
Како два последни брана што го поместија светов се:
СССР - страв и трепет, пропорционална доминација во сите полиња (наука, спорт, уметност), но со долги сметки и последици.
Национал-Социјалистичка Германија - исто така (посебно природни науки), но со брутални последици.

Овој став важи подеднакво, надвременски.
За тие со полнежи од мал мозок што велат „а Америка? Види што е напредната...“, за информираните се доволни неколку зборови:
колонизација/империјализам до конечна глобализација.
За тие што не се информирани, не е место сега да се школуваат. А во последно време,
забележувам дека инаетот нуди кон расправа секогаш, па затоа давам мислење и оставам и другите да имаат, а и тоа го очекувам.

Една сурова забелешка: мала (до незначајна) е разликата на свирепите модели на владеење на СССР/Германија, во однос на сегашните.
Разликите не се суштински, туку површни; доволни за да не бидат забележани од тие кои (им е наметнато да) не се грижат премногу.

Резимирам:
Или губење на дел од (пред сѐ) лична слобода за напредок (теорија на социјален договор, но со (екстремни?) елементи на припадност)
или лична слобода со нужна и рамномерна декаденција (пред сѐ, морална).

Трето нема. Исклучен е светов по средина.
 
Да ми завршат обрскиве летово и на есен мора еден форум да направам за вакви дискусии дека мислам срамота е да нема ни еден.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom