- Член од
- 9 април 2013
- Мислења
- 12
- Поени од реакции
- 1
Твојот потпис кажува дека си ја прифатил обврската да ја платиш премијата за услугата која ја добиваш. Потписот на полисата значи склучување на договор со права и обврски од двете страни. Моето мислење ти го кажав, консултирај се и со адвокат, можеби ќе ти помогне.
Изгледа дека мојот потпис во полисата не значи и дека не сум ја извршил обрската. Денес отидов со нотаризирано барање за финансиски документ (како што ми препорачаа погоре). После 2-3 сата ми се јавија дека нашле документ и дека сум платил (види мајката)!? Документот бил изгубен во нивната архива, па им требало време да го најдат. Се извинија, ми дадоа потврда дека не им должам ништо и јас им гарантирав дека никогаш нема да бидам нивен клиент нити некој друг мој познаник. По се изгледа: no harm, no foul
Поука: да не инсистирав ќе мораше да платам. Кој знае колку клиенти ги имаат заебано на овој начин!
Но во таква држава живееме каде вакви работи се дозволени без никакви последици за компаниите. Не се само овие, исто прават и ЕВН, проблемот со радио дифузна такса, сум слушнал за Оне, Т-Мобиле ....