ОnLive - cloud gaming service

  • Креатор на темата Креатор на темата nE0n1nja
  • Време на започнување Време на започнување

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.505
Поени од реакции
3.353
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.ne0n1nja.deviantart.com
Што мислите за OnLive, сега пред малку изиграв неколку игри и е закон, стварно добра работа. Само графиката не е баш HD, ама мислам дека тоа автоматски ти мести во согласност со брзината на конекцијата. Ќе го замени ли ова класичното гејмање?
 
У иднина се ќе биде преку интернет. Па дури и компутациите на хардверот заедно со целиот оперативен систем и програмите.
 
Работи ова кај нас, не беше само САД и ВБ?
Јас само Gaikai имам пробано, исти штурци само уште подостапно не бара ни инсталација на клиент. И имаат повеќе послужувачи низ светот. Лесна достапност, незадоволителен квалитет, засега.
 
А да објасневте малце за што се работи?
 
А да објасневте малце за што се работи?

Се работи за онлајн сервис кој што нуди cloud gaming, значи која било игра може да се игра на која било конфигурација, смартфон, таблет или телевизор, затоа што играта не се инсталира на хард диск, туку е сместена на нивните сервери и на играчот му се доставува само Live stream од играта. Се што треба е акаунт и инсталација на мал клиент. Игрите може да се купат, со тоа што ако ја купиш имаш неограничен пристап до истата, да се изнајмат на неколку дена, или да се претплатиш на нивниот сервис и за околу 500 денари месечно да имаш неограничен пристап на сите игри во виртуелниот облак. Значи нема инсталации, нема системски побарувања, едноставно можеш и на телефон да си ги играш најјаките игри.

Работи ова кај нас, не беше само САД и ВБ?
Јас само Gaikai имам пробано, исти штурци само уште подостапно не бара ни инсталација на клиент. И имаат повеќе послужувачи низ светот. Лесна достапност, незадоволителен квалитет, засега.

Да, само за САД и ВБ е сеа за сеа, ама од секоја игра има демо 30 минути, изиграв добар број на игри и се изненадив од тоа колку малку лаг имаше, а играв на америчката верзија. Сепак OnLive се далеку поквалитетни и попрофесионални од Gaikai. Eдинствена замерка ми е графиката, ама мислам дека тоа е пропорционално со брзината на конекцијата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom