„онлајн студиите“ се добра работа само доколку го имаш поминато предметот пред неколку години и сега сакаш да се потсетиш. Само за тоа вредат.
Многу се површни материјалите, не навлегуваат длабоко во материјата и оставаат дупки во знаењето. Ќе наидиш на големи проблеми и прашалници доколку првпат ја учиш таа материја. Воопшто не се корисни и неможе ни малку да се спореди со факс или со соодветна книга од истиот материјал.
Сепак ако толку сакаш да учиш онлајн, јас би ти рекол да бараш на јутуб снимано професори како предаваат од некои странски универзитети. Ако те интересира ИТ/Електро би ти ги препорачал индијците. Ги имаат покриено сите области и снимано сите предавања по секој предмет. Имаш преку 30 сати снимано материјал за еден предмет.