Технички можете да се регистрирате на ПЕЈПАЛ и ЕБАЈ да продавате или отворите некоја аукција,
1)Сами треба да си го одредите шипингот и трошоци во зависнот од килажата на робата.
2)Сами треба да си ги одредите државите каде сакате да продавате,
3)Вашата земја нема да биде регистрирана како Македонија туку можете да отворите сметка во друга Држава Словенија,Грција ,Бугарија на вашиот профил регистрација,
4)Провизија од страна на ЕБАЈ за направена трансакција
Проблеми на кои ќе наидете од нашата држава:
1)Даночна инспекција ,
2)Казна ако немате регистрирано фирма,
3)Нашите банки ќе ви бараат документ врз основа на што сте примиле пари стари закони а сигурно ќе ви пресметаат провизија.
4)Монопол на нашата пошта вашите муштерии ќе чекаат да им стигне пратката 20дена.
5)Извозна декларација за тип на робата што ја продавате.
Проблеми на ЕБАЈ ако корисниците не се задоволни од нивото на вашата услуга Вие ќе бидете маркирани како лош продавач и рејтингот ќе ви биде слаб со што потенцијалните клиенти ќе ве избегнуваат.
Можеби нема да имате проблем ако продавате некои ситни работи .
Поздрав.