Онлајн предавања од најдобрите светски универзитети

  • Креатор на темата Креатор на темата LiverBird
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 април 2010
Мислења
93
Поени од реакции
186
Харвард, МИТ, СтенфорД, Беркли... Сега секој, насекаде низ светот може да следи предавања од најдобрите светски универзитети.

Пред некое време, Харвард во соработка со МИТ (моменталната листа е многу поголема) ја лансираа edx страната, на која можете безплатно да ги следите нивните онлајн предавањата, се од литература, економија па до природни науки. Секое предмет почнува на одредена дата и трае одприлика 12 до 15 недели. И секако мора да се регистрирате претходно. Секоја недела по едно ново предавање е достапно, со кое и следува домашна задача. Доколку успешно го следите предавањето, на крајот ви следува сертификат.

Според мене, е доста добра работа која може да му помогне на секому да совлада еден предмет, или пак за оние пољубопитните да научат нешто ново.

Па, ако некој од вас веќе следел оваков вид на предавање или би следел, би било интересно да споделиме искуства; Или пак едноставно кое е вашето мислење за овој вид на предавања.
 
Тија са edX, Coursera, Udacity.

http://en.wikipedia.org/wiki/MOOCs

Претходно секој универзитет си ги е организирал самоиницијативно, и најчесто са ставани на iTunesU и од там може секој бесплатно да си ги симне.

MOOCs са нешто шо веќе го има 5-6 години, и са супер за да добиеш знаејне без акредитација. Сега моментално се борат у Америка/Британија да отварат тест центрове за да се добива барем некаква сертификација за да може да си ја закачеш у дневната соба и да го има логото на Стенфорд, Харвард, Беркли, или МИТ.

Ама у глобала, супер иницијатива за евтин пристап до квалитетна knowledge base. Ама јас па ќе си го кажам мојто, лесно е да се соџвакуват и консумират содржини. Ниеден МООС нема механизми да те натера да созадаваш нешта и содржини. Таа мотивација самостојно да си ја извадеш требе газо да си го расчекнеш. ;)
 
Завршив 2 курса на курсера летово од областа на економијата. Добри беа, мала занимација за тепање време. A дали и колку ќе се најдат за во иднина, ќе видиме. Првиот беше организиран од германски, а вториот беше од амерички универзитет. Пред некој ден ми стигна сертификатот од првиот курс.

Интересен е иначе тој пристап кон едукацијата. Порано или подоцна овој начин на образование верувам дека ќе го надмине конвенционалниот. Класичното студирање мислам дека ќе се топи и само оние со подлабок џеб ќе можат да си го приуштат, а мноштвото студенти ќе доаѓаат до дипломи преку онлајн студии - кои не дека и сега ги нема, но сеуште се на маргините. Овие курсеви работат (ин)директно на нивно промо. Штом веќе има големи играчи тука, плус од 2014 на курсера влегува и Јеил со своја програма - тогаш дефинитивно ова и не се така безвезални и наивни курсчиња. Мали чекори се тие уште, но безсомнежно со голем потенцијал. Сега зборуваме (само) за сертификати, но после Х години ќе бидат во прашање и дипломи. Гарант.

Пробајте, нема што да изгубите. Безпластни се и ви даваат можност да остварите нешто на малце поинаков начин. Си слушате предавања кога сакате, си решавате тестови кога сакате. Добар менаџмент на времето и нема мака. ;)


ПС - Инаку мислам дека има веќе слична тема отворено - Неформално образование, во која дискусијата е иста. Би требало да се спојат двете.
 
Да да, сите овие универзитети се борат за да ги изгубат огромните партиципации кои ги плаќаат нивните студенти и во иднина дефинитивно само бесплатни оналјн курсеви ќе држат.

Јас почнав еден, и кога видов колку е општ и безвезен се откажав...
 
Да да, сите овие универзитети се борат за да ги изгубат огромните партиципации кои ги плаќаат нивните студенти и во иднина дефинитивно само бесплатни оналјн курсеви ќе држат.

Јас почнав еден, и кога видов колку е општ и безвезен се откажав...

баш сакав и јас истото да го пишам..
следев летово еден инжинерски курс и ептен сум разочаран.
Многу површни се предавањата, како да сакаат да ни пренесат: „Ова е само мал вовед, за повеќе да дознаете дојдете и запишете се на факултет“


Ај од мене еден хинт за инжинерите.
Ако сакате да си го надополните знаењето баталетеги сите вакви онлајн курсеви од западно европски/ американски универзитето.
Правата ствар е во онлајн курсеви од индиските факултети. Ги има на јутуб. Значи цели снимки од стварни предавања на универзитет. За секој предмет имаш по 9 до 10 предавања по 2 до 3 часа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom