Онлајн едитори на слики

  • Креатор на темата Креатор на темата Димитар
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Веб-сајт
www.demirhisar.gov.mk
Многу често се случува проблем, да немаме фотошоп, а да мораме да направиме некоја интервенција на слика, едноставно и брзо!

http://www.picnik.com

Странава е правена во Flash, на едноставен начин можеш да едитираш една слика, да променуваш големини, ротација, боја, контраст... дури и да додадеш неколку ефекти... се на се, многу едноставно и брзо!

Eве од оваа слика:
orignp2.jpg


Добив аватар како за на форум:
testimage4jpgks3.png



Ако знаете некоја друга страна, слична на оваа: повелете!
 
:zver:Многу добра работа е ова. Пробав една од сликите што беа дадени и супер работи има.
 
Интересно интересно го пробав и може да биде доста корисно
 
Mnogu jaka strana. Kako mi ima zavrseno rabota
 
Еве уште неколку. ГИ има на главна страна на кајгана

Snipshot
Snipshot е многу едноставен за користење, брзо ги вчитува фотографиите, а за онлајн обработка доволна е само пристојна интернет конекција. Обработува фотографии со тежина до 10 мегабајти, а посебно корисна е опцијата undo со бесконечен број чекори наназад. Меѓутоа, Snipshot е програм кој овозможува само основна обработка на фотографиите, а му недостасува опцијата за промена на големината на фотографиите.


Pixenate
Навистина е едноставен за користење. При обработката на малку поголеми фотографии треба да се почека програмот да го обработи своето, па потребно е малку трпение. Постои и цела подрубрика со алатки кои се обележани како забавни, но во суштина се навистина корисни за обработка на фотографиите. Еден од пропустите е што му фали опција за изострување.


Splashup
Овој едитор освен изгледот има и амбициозни опции за обработка на фотографии. Ќе најдете поддршка за филтри, леери и други бројни алатки, а посебно практична е соработката со фото сервисите како Flickr и Facebook. Најголема маана му е брзината - доколку обработувате малку поголема фотографија, подгответе се за чекање
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom