Омилени песни од детството

  • Креатор на темата Креатор на темата Stivie G
  • Време на започнување Време на започнување
Ајмо носталгии!
Како што е адетот, еве од мене, MS SMS песнички :)

Кореографии праевме на ова у маало ^^

Кхм....која генерација си ти со овие песни од твоето детство 2000та???

Патем има оваква тема
 
7мо одделение, екскурзија низ Македонија, Крушево и Охрид :), и замислете имав и дискмен Sony тогаш, со мали звучници, фраер бев. Првпат земав дим, ама после тоа пак си продолжив да бидам непушач до денес, тоа само пред женските го правев, да ме видат со цигара демек сум cool, пошто веќе за возрасен се сметаш. Ама погадно нешто од дим од цигара немам пробано до денес, со сила ги увлекував тогаш, хаха, пошто фраери бе тие што пушат. Како бе вие пушачите можете да плаќате за тоа срање?
Прва средно, дискотека cabrio, парк хаха, тоа беа времиња хаха како пензионерине сум. Бре што глупости правевме само за да ќариме по некоја женска.:pos::pos::pos:

И оваа да не ја заборавам, ехеее на оваа песна си ги преебав звучниците на мојот нов Panasonic систем со 5 цдиња што собира, до крај нон стоп го оптоварував. Во дискотеките по 5 пати од вечер ја пуштаа.

Исто така и по нешто шабанско се слушаше, во Ла Фабрик, на балкан најт, не би сакал да споделам повеќе линкови од тие песни,само една, најмногу што ја пуштаа, да не си го уништам постот.
Еј која гужва било тоа, сега кога ке ми текне,чекање редици пред дискотека, колку убаво ни било, добро друштво, секогаш нови женски, нови фаци, пиење и играње. Сега не е така опуштено.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom