Другар ми ми инсталираше пред два месеца и додека ја правев првата семинарска бев ко ‘Алиса во земјата на чудата‘ ама се навикнав. Поубав е од 2003 дефинитивно, сега ми е полесно. Само лоша работа е што многу компјутери немаат Office 2007 па по неколку пати снимам една иста работа за да може да се отвори и кај нив.
Со инсталација на бесплатниот
Office compatibility pack, ќе може да ги отвараш документите од Office 2007 формат во Office 2003 и да ги снимаш во 2003 формат.
Друго нешто интересно: .docx , xlsx и сите други 2007 формати се всушност обични .zip датотеки, и се отвараат со било кој архивер, дури и оној вградениот во Windows explorer. Внатре се содржат податоците и форматирањата, во повеќе XML датотеки, + атачментите. Во еден од XML-ите се содржи и текстот од документот, ама како ќе го извлечеш од таму.. али можно е ако се сака
Да, не заборавам, јас го користам на работа, и после првичниот отпор, сега нема шанси да се вратам на 2003. Со новиве менија открив многу нови опции (кои иако ги имало во 2003, не сум ги користела дека не сум знаела дека постојат).