Поморие
Денес презентирам едно одморалиште за кое сум сигурен дека е целосно непознато за македонците,и до неодамна беше познато главно на домашните бугарски туристи.
Ситуацијата драстично се промени во текот на изминатите три години и денес тоа е единственото бугарско одморалиште што бележи троцифрен процентен пораст на бројот на посетители особено од странство-првенствено од Германија, Скандинавија, Полска, Романија, Чешка и Словачка.
Поморје во моментов е единствената врвна еко-спа дестинација на брегот на Црното Море,
кој нуди терапија со кал.
Неговата слава произлегува од уникатниот микробиолошки систем на помориjската лагуна и солниците , како и од поморската лековита кал и *лугата* (горчлива течност од солниците), кои се користат за лекување на мускулно-скелетни нарушувања , проблеми со централниот нервен систем, репродуктивни нарушувања и неплодност.
