Одлуката на Меѓународниот суд за правда по повод тужбата на Македонија против Грција (општа тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
За симболите судот не прогласи без вина, сем некој изолиран случај во 2004. Се надевам дека сега Геро нема да се самоубие. :D
--- надополнето: Dec 5, 2011 9:53 AM ---
За што станува збор? Судот вика дека 2004та сме користеле симбол (старото знаме) во некоја прилика?
Да, ама го прогласи како изолиран случај и не го смета за материјален прекршок.
 
За симболите судот не прогласи без вина, сем некој изолиран случај во 2004. Се надевам дека сега Геро нема да се самоубие. :D
--- надополнето: Dec 5, 2011 9:53 AM ---

Да, ама го прогласи како изолиран случај и не го смета за материјален прекршок.

Да но кој е тој случај, не м итекнува? Мора да се работи за користејне на старото знаме од страна на државата ако интерпретирам добро но не ми текнува на кој случај се мисли?
 
За симболите судот не прогласи без вина, сем некој изолиран случај во 2004. Се надевам дека сега Геро нема да се самоубие. :D

Јас се надевам на спротивното...

;)
 
Да но кој е тој случај, не м итекнува? Мора да се работи за користејне на старото знаме од страна на државата ако интерпретирам добро но не ми текнува на кој случај се мисли?
Незнам дали на прославата по повод на признавањето на САД под уставно име имаше некое такво знаме? Мислам дека на тоа мисли.
 
Од преведувачкава ми се приссссссра... :tapp:
имаш и на 24 ветси ама како што кажаа погоре не е лесно да се преведува во живо вакво нешто :(

грција знаше дека ја прекршува спогодбата во букурешт,така ќе постапува и во иднина без оглед на кој тоа и рекол дека погрешила.......ако пресудата имаше важност и обврска за во иднина Македонија да може да побара оштета заради нанесената штета поради блокирањето за влезот во НАТО и отпочнувањето на преговорите со ЕУ,тогаш гејците ќе молеа да ни го отстапат солунското поле(:pos:)
 
Незнам дали на прославата по повод на признавањето на САД под уставно име имаше некое такво знаме? Мислам дека на тоа мисли.

Можно, но не ми се верува дека државата користела тоа знаме пошто судот само за тоа може да пресуди, а не ако граѓаните го користеле тоа знаме по моје мислејне. Пошто такви прекршоци би имале дневно ;)
 
Македонија 3 - Грција 0. Благодариме на Хилари Клинтон, САД, Британија, Камерон, војводата од Кент, десничарските партии и особено азиските десничарски партии. :)
 
Иначе судот со 14:2 се прогласи за надлежен а со 15:1 одлучил дека Грција ја прекршила спгодобата. Но не може да и нареди на Грција да не не блокира? Или не стигнаа уште до тука...?
 
Не е лесно симултано да преведува плус правниците користат посебен јазик и се работи секако за сложена материја ;)

Знам дека не е лесно симултано, ама вака не се прави. Звучи ко Слопоук Родригез.
 
Иначе судот со 14:2 се прогласи за надлежен а со 15:1 одлучил дека Грција ја прекршила спгодобата. Но не може да и нареди на Грција да не не блокира? Или не стигнаа уште до тука...?
Да тоа е тоа.
Сега предноста е дека може да бидеме запишани во ОН под Уставно име и да ги користиме оние симболи кои ги сметаме за соодветни без никаков притисок, за ЕУ и НАТО потешко, за таму потребен е едногласен консензус, бар додека не се смени тоа начело за прием.
 
Иначе судот со 14:2 се прогласи за надлежен а со 15:1 одлучил дека Грција ја прекршила спгодобата. Но не може да и нареди на Грција да не не блокира? Или не стигнаа уште до тука...?
Тоа беше кажано под некоја флоскула дека Грција нема право да не блокира и дека ниедно правило на НАТО не ја приморало на тоа. ;) Директно укажување не е практика на овој суд. Сега ќе видиме што ќе договори Бајден денес во Атина.
 
Ако не друго морална победа за нас, дека ова би натерало грците да сменат нешто во нивната политика нема шанси, барем има на што да се вадиме ако сакаме да ги напуштиме преговорите за името, ќе речеме ете ја потпишавме спогодбата ама ништо од нејзе бидејќи само ние ја почитуваме, а другите се прават на тошо или нешто во овој фазон.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom