Попај
Буржоазија
- Член од
- 10 јуни 2006
- Мислења
- 699
- Поени од реакции
- 9
Хрватскиот министер за образование и спорт Драган Приморац изјави дека државната матура се одложува за следната година за учениците во гимназиите и четиригодишните стручни школи.
„Државната матура е прашање на избор на Хрватска и голема антикорупциска мерка со која на децата им се овозможува да се запишат на факултет исклучиво благодарејќи на своите способности“, оцени Приморац.
Тој додаде дека сепак системот е должен на децата да им обезбеди навремени информации поради што „државната матура се одложуваа една година и тоа ќе биде период каде сите чинители на процесот мора да бидат подготвени“.
Илјадници средношколци вчера излегоа на улиците во повеќе градови на Хрватска поради начинот на кој се воведува државна матура, јави ХРТ.
Тие бараа одложување на државната матура за следната година поради кратките рокови за подготовка.
„Денешните протести не се насочени против Министерството за образование и власта, туку сакавме да свртиме внимание на проблемите во образованието“, изјави Јанко Брлечиќ, ученик во една од хрватските гимназии.
Видете што се случува во силните држави како Хрватска, децата излегоа на протест и беа разбрани од еден пат и им е одложена матурата, додека ние на 2 пати и колку многу денови пак ќе не ставија на таквиот. До кога така?